27 Ноември, 2024
0.0252

Кипарскиот колапс ги натера Русите да го богатат Њујорк

Објавено во: Свет 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Колапсот на кипарскиот финансиски систем не ги изненади олигарсите, кои се повеќе инвестираат во недвижнини во САД.

Додека претседателот Никос Анастасиадес се двоумеше околу пакетот за помош од Европската унија, поради кој Кипар на крај се откажа од статусот на даночен рај, парите се одлеваа од затворените банки.

Преку банкомати или посебни трансфери за наводно хуманитарни резерви, голема количина на евра испарија од островот и откако кипарските законодавци ја фрапираа Европа со одбивање на данокот на банкарските депозити.

Преговарачите на ЕУ знаеја дека нешто не е во ред, кога кипарската Централна банка од Европската централна банка побара повеќе хартиени пари отколу што беше потребно според податоците кои беа пријавувани во Франкфурт, рече за агенцијата Ројтерс извор од ЕУ запознат со тој процес.

Никој не знае точно колку пари отидоа од кипарските банки ниту каде завршија. Додека обичните Кипарци чекаа во ред пред банкоматите да земат неколку стотици евра, бидејќи беа запрени трансакциите преку кредитните картички, останатите депоненти употребија низа техники да си ги подигнат своите пари. На компаниите кои мораа да ги исполнат барањата за зголемување на депозити за да го избегнат доцнењето, средства беа обезбедени. Беа овозможени трансфери за трговија со хуманитарна стока, лекови и гориво за авиони.

Најбогатите Руси со месеци однапред знаеја дека кипарската економија пропаѓа и побрзаа своите пари да ги пренасочат на други инвестиции.

- Во последно време гледаме пренасочување на инвестициите кон САД, како резултат на финансиската состојба во Европската унија - изјави Ед Мермелстајн, њујоршки адвокат кој советува богати Руси. Гардијан пишува дека не е случајно што блиндираната јахта Еклипс на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ е усидрена на реката Хадсон во Њујорк, подолго од еден месец. Тој град стана рај за богатите Руси во последните три години, каде олигарсите и полу-олигарсите ги штитат своите пари од политичките хирови на Владимир Путин или од се поголемото фискално фијаско на еврозоната - наведува британскиот весник.

- Во Русија е многу важно дали сте во добри односи со владата, а тоа се менува како ќе дувне ветерот - рече Дејвид Њумен, партнер на адвокатската фирма Деј Питни, кој во бракоразводна парница ја застапувал поранешната сопруга на поранешниот  крал на вештачкото ѓубриво Дмитриј Рибовљев. Присуството на руското богатство е видливо на секаде. - Имаат јахти, автомобили, повеќе не е проблем да се купи авион за 40 милиони долари - рече Њумен. Рибовљев во 2012 година во Централ парк купил стан за 88 милиони долари и тоа и понатаму е еден од најголемите бизниси во областа на недвижнините во историјата на Њујорк.

Гардијан наведува дека олигархот Игор Зјузин се изнервирал кога новинар го прашал дали неговите финансии ќе трпат поради состојбата на Кипар, истакнувајќи: - Мора да си полудел!

Генадиј Тимченко, шеф на компанијата Гунвор која се бави со трговија на суровини, имал само неколку стотици илјади евра во кипарските банки, се пофалил за еден швајцарски весник.

По своја прилика, финансиските неволи на Кипар станаа благослов за Њујорк. На њујоршкиот пазар за недвижнини почнаа да се слеваат големи количини на руска готовина од вообичаеното.

Русите не купувале само станови во изминатата година додека кризата во еврозоната се интензивираше, тие градат недвижнини, на Менхетен, како и во други центри на гламур на источниот брег, вклучувајќи го и Мајами.

Една од причините зошто богатите Руси ги привлекува изградба на недвижнини во Њујорк е таа што малку која друга инвестиција се исплати, укажува британскиот весник. Каматните стапки се рекордно ниски, штедните влогови не донесуваат голема камата, а вредноста на уметничките дела и автомобилите често паѓа. Затоа богатите Руси влегоа во пазар кој очигледно секогаш расте, а тоа се њујоршките недвижнини.

Така Руситењ со замаглени имиња и учество, потпишуваат договори како финансиски партнери во изградба на големи комерцијални недвижнини, од шопинг центри до хотели и луксузни станбени објекти, за да обезбедат финансирање кое банките не можат или не сакаат да го обезбедат, истакнува Гардијан.

Лондонскиот весник пишува дека Русите, посебно кога се во прашање недвижнините, настојуваат да работат преку инвестициски фондови и приватни компании, создавајќи замрсена папирологија така што е невозможно да се дојде до нивните имиња на јавни документи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин