21 Јануари, 2025
0.0247

Кирил Георгиев е апсолутен победник на шаховскиот турнир “Опен Карпош 2014”

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Бугаринот Кирил Георгиев е апсолутен победник на овогодинешниот Меѓународен шаховски турнир “Опен Карпош 2014” кој се одржа по четврти пат (29.март – 5. април) во хотелот ,,Александар Палас’’, во организација на Општина Карпош и ,,ШК Гамбит Асеко – Сее’’. Со освоени 7,5 поени, Георгиев по вторпат го подигна победничкиот пехар и како прворангиран на турнирот се стекна со парична награда од 5.000 евра. -       Ги имавме сите услови за да одиграме еден огромен турнир. Се надевам Скопје ќе прерасне во еден од најдобрите шаховски центри во Европа. Сакам на сите да им заблагодарам и на организаторите и на играчите и им посакувам многу среќа наредната година - додаде Георгиев. Втората награда ја освои Иван Салгадо Лопез од Шпанија со освоени 7 поени и 2529 евра. Третата награда му припадна на Едуардо Бонели Итуризага од Венецуела со освоени 7 поени и награда од 1879 евра. Четвртото  место му припадна на Маркуш Роберт од Србија со 7 поени и награда од 1529 евра, петото место на Андреј Вовк од Украина исто така 7 поени и награда од 1379 евра. Минатогодишниот победник  на ,,Опен Карпош’’, Зденко Кожул од Хрватска со 7 поени и награда од 1279 евра, го освои шестото место. Седмата позиција ја обезбеди  Даворин Куљашевиќ од Хрватска со 7 поени и 1179 евра.  Осмо рангиран е Сергеј Григориантс од Русија со 7 поени и награда од 1129 евра. Од деветтата до дваесеттата позиција, во редовни награди со 6,5 поени се следниве велемајстори : Давид Гуијаро Антон од Шпанија 575 евра, Илиа Смирин од Израел и 525 евра, Бенџамин Бок од Холандија 400 евра, Едуардас Розенталис од Литванија исто 400 евра, Витали Голод од Израел 300 евра, Борки Предојевиќ од Босна и Херцеговина 300 евра, Тибериу-Мариан Горгешку од Романија 200 евра, Михаел Роиц од Израел 200 евра, Ринат Јимабајев од Казахстан 200 евра, Евгени Романов од Русија 150 евра, Никола Џукиќ од Црна Гора 150 евра и дваесетото место од редовните награди исто така со 6,5 поени му припадна на Таи Барон од Израел кој доби парична награда од 150 евра. Наградите ги додели техничкиот организатор на турнирот, Зоран Стојчевски, кој им се заблагодари на сите учесници на овој традиционален шаховски турнир. -       Оваа година,  со рекордна бројка, со повеќе од 270 натпреварувачи кои дојдоа од 38 земји во светот, го направија овој голем спортски настан забележителен во очите на светската јавност. Посебно му благодарам на градоначалникот Јакимовски за одличната соработка на Општина Карпош  и ,,ШК Гамбит Асеко – Сее’’, која  се надевам, ќе продолжи и следната 2015 година – посочи Стојчевски. Во рамките на турнирот беа доделени специјални награди за најдобри шахисти по категории. Првото место го обезбеди Харика Дронавали од Индија со освоени 6 поени и награда од 500 евра, второ, Еша Караваде од Индија со освоени 5,5 поени и награда од 300 евра, на третата позиција се искачи  Мадина Давлетбајева од Казахстан и награда од 200 евра за освоени 5,5, поени. Во категоријата шахисти со рејтинг  2201-2450 поени, првото место му припадна на Артем Смирнов од Русија со освоени 6 поени и 800 евра. Второто место го освои Синиша Дражиќ од Србија исто така со 6 поени, трето место му припадна на Батухан Мухамед  Дастан од Турција со 6 освоени поени, четвртата позиција ја обезбеди  Мирослав Тошиќ од Србија со 6 поени, а на петтата се најде  Вахап Санал од Турција со 6 поени. Звонко Станојоски од Македонија со 5,5 поени го освои  шестото  место, додека, за седмата позиција  се избори Чемил Чан Али Маранди од Турција со  5,5 поени. Осмото место  со освоени  5,5, поени, му припадна на Израелецот  Офир Ахарон. Во категоријата шахисти со рејтинг  2001-2200 поени,  првото место го освои Урбан Цретник од Словенија со 5,5 поени и награда од 300 евра, Константинос Мегалиос од Грција го освои  второто место со 5,5 поени и 200 евра, а Босанецот Славен Пастар со 5,5 поени и награда од 100 евра ја зазеде третата позиција. Во категоријата шахисти со рејтинг  до 2000 поени, Ајхан Каан Ајдин од Турција со 5 поени и награда од 200 евра го освои првото место. Второ место му припадна на Никола Николовски од Македонија со 5 поени и награда од 150 евра, додека, Теодора Ињац од Србија со 4,5 поени и награда од 100 евра го освои третото место. Тројцата најдобри македонски шахисти се, Филип Панчевски со освоени 6 поени и награда од 300 евра, Драгољуб Јаќимовиќ со 5,5 поени и награда од 200 евра и Александар Чоловиќ со 5,5 поени и награда од 100 евра. Во категоријата ветеран преку 60 години, Леон Пијасетски од Канада се покажа како најдобар шахист, освојувајќи парична награда од 100 евра. За најдобар млад шахист до 18 години на овогодинешниов турнир  беше прогласен Александар Донченко од Германија со 6 поени и награда од 100 евра. Дека ,,Опен Карпош’’ прерасна во елитен шаховски турнир, говори наградниот фонд  од 25.000 евра и присуството на 270 шахисти од 38 земји во светот. За првпат годинава, победничкиот  пехар го изработи академскиот скулптор Сашо Поповски кој е вработен во Општина Карпош. Пехарот кој е одлиен во бронза, претставува  фигура во стилизирана форма на шаховски коњ со пехарски победнички орнаменти.

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије