Во 21 век: Во Дојран ќе нема кој да им вади крв на пациентите за рутинска анализа
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2019 07:17
Граѓаните на Дојран стравуваат дека за три недели ќе нема кој да им вади крв, медицинска услуга потребна и при рутнски општ преглед. По 40 години во овој град и во 21 век, како што кажуваат дојранчани, вработената која работела како сестра и земала примероци од крв оди во пензија. Тоа ќе се случи набрзо, а на повеќето граѓани кои одат во амбулантата веќе им било кажано дека делот за земање крв во Дојран ќе се затвори.
„Од пред 2-3 години добивме во амбулантата и апарат да може барем основната крвна слика да се дознае, без ЦРП или шеќер, и истиот не е во функција, расипан ли е или што точно не знам. Но знам дека вработената кај и да е ќе оди во пензија, што ќе биде понатаму ќе видиме, иако се зборува помеѓу жителите дека најверојатно овој оддел од амбулантата ќе се затвори“, вели Р.П за Фактор.
И сега, кога има вработен што вади крв, патот кон крвната анлиза за дојранчани е небулозен. Примерокот се вади во Дојран, па вработените од амбулантата чекаат било кој да помине со превоз за да ја пратат во Гевгелија. Немаат автомобил или некој кој треба да ја земе во соодветни услови и да транспортира до лабораторијата во Гевгелија.
Граѓаните велат дека најчесто земената крв за испитување во Гевгелија се праќа по приватни возила и автобуси.
Фактор достави прашања до Министерството за здравство за ситуацијата вп Дојран. Од таму ни одговорија дека точно е дека вработената ќе оди во пензија, но дека на нејзино место ќе се праќа лаборант од Општа болница Гевгелија, неколку дена во текот на неделата.
Инаку, директорот на ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Митко Крџев за Фактор потенцираше и дека во текот на целата летна сезона општина Дојран ќе биде покриена со екипи на Итната медицинска помош.
Од 07 Јули до крајот на летната сезона, 31 август според директорот дојранчани и туристите ќе бидат покриени 24/7 со екипи на Итната медицинска помош.
Н.М.
Можеби ќе ве интересира
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП




