ЌЕ ДОБИЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ШАМАР: Могерини денес поднесува извештај за посетата на Западен Балкан
Објавено во: Македонија 06 Март, 2017 09:25
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини ќе ги извести денеска шефовите на дипломатијата на ЕУ за минатонеделената посета на Западен Балкан кога престојуваше во Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и БиХ.
Во текот на посетата на регионот Могерини ја пренесе пораката дека ЕУ е приврзана за интеграција на Западен Балкан, дека вратите на ЕУ се отворени за сите во регионот но и дека регионалната соработка и добрососедски односи во тој контекст и понатаму имаат пресудно значење.
Како што укажуваат во Брисел, Могерини ги посетила земјите од Западен балкан и со задача да согледа кои се причините на новото заострување на односите во регионот и да укаже и на тоа што Унијата, а што самите политички водачи на Западен балкан мора да направат за да се запре влошувањето на ситуацијата.
За порастот на тензиите на Западен Балкан ќе разговараат и челниците на Европската унија на 9 и 10 март во Брисел.
При посетата на Македонија високата претставничка на ЕУ, порача брзо формирање на влада и побара претседателот Иванов да му го предаде мандатот на тој кој што има мнозинство пратеници, односно Заев.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




