26 Октомври, 2024
0.0327

Ќе ги огрее ли сонце акционерите? „Либерти“ ја преполови загубата, ќе дојде ли до позитивна нула до крај на година?

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Железарската топла валавница која сега работи под брендот „Либерти“ има добри вести за сите акционери. Загубата од лани сега на крај на септември е преполовена во услови на намален приход од работењето. Доколку успеат да ги намалат финансиските расходи во поголема мерка тоа ќе биде значаен предуслов за да стигнат до толку посакувана позитивна нула што ќе основа за подобри денови на овој гигант

Една од двете најголеми железарски компании „Либерти“ има голем напредок во своето работење, покажуваат финансиските резултати на компанијата. За првите девет месеци таа книжи загуба од 5,4 милиони евра. Но ако се земе во предвид дека во истиот период лани компанијата имала загуба од 10,86 милиони евра сегашниот резултат е позитивен квантет скок. И секако дека е многу охрабрувачки индикатор за акционерите на таа компанија.

Затоа што загубата е сведена на 50 отсто од тоа што била во истиот период лани. И што е многу важно загубата е преполовена во услови кога приходите од продажба се намалени за 8 отсто во споредба со истиот период лани.

Од извоз оваа голема челичарска компанија, која произведува ладно валани како и толло валани поцинкувани и пластифицирани котури и лимови, за девет месеци инкасирала над 65 милиони евра. Тоа е за 8 отсто помал извоз од лани.

На домашниот пазар компанијата пласирала лимови вредни 11,6 милиони евра и тука продажбата е за 10 отсто пониска од претходната година.

Што се однесува до вкупните оперативни расходи тие се пониски за 11 отсто од лани и изнесуваат 65,4 милиони евра.

Убедливо најголема расходна ставка се групата трошоци за суровини и други материјали за кои се потрошени 56,5 милиони евра.

Споредбата на достапните податоци покажува дека помалата загуба годинава во својата бит е резултат на намалените залихи.

Голем негативен фактор за добивката на оваа компанија е товарот од финансиските расходи. За девет месеци за таа намена (камати за кредити и други финансиски расходи) компанијата платила 2,8 милиони евра. А тоа е половина од целата загуба на „Либерти“.

Оваа компанија е во доминантна сопственост на „Либерти Холдко Галати и Скопје Лимитед“ која поседува 93,3 отсто од акциите со право на глас.

Малцински акционери се над 2.200 домашни физички лица кои поседуваат 4,7 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот