Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?
Објавено во: Свет 26 Септември, 2024
Се повторува ли 2006 година и дали израелската војска оди на се или ништо? Оти Хезболах не е Хамас, а со таа констатација се сложуваат сите воени аналитичари. Конфликтот меѓу Израел и Либан (поточно Хезболах) прераснува во војна која може да биде вобед за експлозија на целиот Блиски Исток од која нема враќање назад. А се поочигледно е дека и двете страни подолго се подготвуваат за тоа
Деновиве значајно есклаира тивкиот повеќегодишен конфликт на Блискиот Исток во кој главни протагонисти се израелската армија ИДФ и политичко-воената организација „Хезболах“ стационирана во јужните погранички делови на Либан, соседот на Израел.
По брилијантната израелска воена операција „пејџер и воки-токи“ Хезболах започна со поинтензивни напади, ИДФ возврати во бомбардирање цели во јужните погранични делови на Либан, но беа на мета и цели во главниот град Либан. Исходот од израелското бомбардирање кое трае неколку дена се над 500 мртви најголем дел од нив цивили, а има и деца. Освен тоа повеќе од 100.000 жители на јужните погранични делови на Либан ги напуштија своите домови и се беагалци во Бејрут. Со овоа силно расте хуманитарниот притисок особено врз УНРВА -организацијата на ООН специјализирана за помош на раселените Палестинци по нивните три егзодуси низ поновата историја односно од 1948 година наваму кога беше основана државата Израел на палестинска територија.
Што е најново?
ИДФ најави и започна силна воена акција прво со зголемување на трупите во северен Израел. Целта е како што кажуваат да се сузбие опасноста од континуирани ракетни напади од Хезболах заради кои помалку од 100.000 израелски државјани од северните делови на Израел повеќе од 10 месеци се бегалци во сопствената држава.
Израел и Хезболах, се крвни и вечни непријатели за тој статус имаат консензус сите воено-политички аналитичари кои ја следат состојбата на Блискиот Исток. Генератор на проблемот е долината Бека која има стратешки важна географска позиција меѓу Либан и Израел меѓу другото и заради военото влијание што може да се има во Голанската висорамнина и контролата на водните ресурси (рак-рана на сите проблеми во овој регион).
Хезболах иако основан и стациониран во Либан ја има целосната финансиска, логистичка, воено-техничка помошо од Иран, најголемиот непријател на израелската држава. Хезболах е моќна воена организација која има арсенали ракети, има илјадници добро обучени и искусни војници и старешини и што ја прави единствена има ракетен арсенал составен меѓу другото покрај ненаведувани ракети и балистички ракети од краток домет од типот земја-земја. А тие се значаен предизвик за израелската противоздушна одбрана која важи за најдобра на светот. И за тоа се разбира, Израел има неограничена воена поддршка од САД, а и од НАТО чија воена воздушна база на Кипар ја користи како своја.
Исто така воените аналитичари се едногласни дека Хезболах е поголемиот и многу посилен брат на палестински Хамас – воена организација која израелската моќнна војска не може да ја уништи иако 11 месеци, по крвавиот пир на Хамас, во континуитет ја разорува областа Газа. Тие се нивни инструктори за воени обуки и за копање тунели во Газа – проблем што и сега по повеќе од 300 дена воена акција во Газа им прави голем проблем на ИДФ.
Митот за непобедливоста на Хезболах и еднимесечната војна во јули 2006 година
Факт е дека постои мит дека Хезболах е единствениот противник што ја поразил израелската војска од нејзиното основање досега. ИДФ важеше за најефикасна армија на светот затоа што во неколку воени конфликти успеа да ги победи сите соседни арапски држави. Но тоа беше така до 2006 година. ИДФ направи инвазија на Либан во обид да го уништи Хезболах. Битките беа интензивни, крвави и беше уништена бројна цивилна инфраструктура во Либан. Но не во целост и воените цели односно Хезболах. Во копнената офанзива на Либан израелската војска изгуби 121 војник за еден месец, а имаше над 1.200 ранети војници. Губитоците за Хезболах беа повеќе од двојно поголеми од тие на ИДФ. Но копнената офанзива не успеа. Израел се повлече, а Хезболах преживеа, а по многумина стана дури и посилен особено затоа што не беше воено поразен во копнената офанзива. Пред се затоа што Хезболах имал голема мрежа на подземни тунели од каде напаѓале и се повлекувале. Во тој јули 2006 година Хзболах успеал да уништи 40 воени возила на ИДФ од кои 20 се прочуените тенкови „Меркава“.
Ескалацијата е погубна за целиот регион
Актуелното раководство на Израел предводено од премиерот Бенјамин Неатанјаху одлучи да го радикализира своето воено делување. По 40.000 жртви во Газа каде Хамас не е уништен иако е во голема мерка онеспособен, ИДФ во фокус ќе го стави делувањето на границата во Либан. Но сега од другата страна има многу посилен и подобро организиран непријател. Прашање е колку долго воена состојба од вакви размери и трошоците кои таа ги носи може да издржи и толку богата држава како што е самиот Израел. Особено ако се знае дека во самиот Израел се повеќе стануваат масовни и чести протестите против Неатанјаху, а кои се организирани од блиските лица на заложниците на Хамас кои се киднапирани безмалки цела една година.
Фото: ЕПА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.