Ќе го разрешат ли Велковски-блискиот соработник на Заев и Спасовски а наследник на Чавков?
Објавено во: Економија 14 Август, 2018
Ќе биде ли разрешен Лазе Велковски од челното место на БЈБ кој дојде во министерството за внатрешни како наследник на Митко Чавков.
Ова прашање во јавноста се врти по скандалот кој го фати блискиот соработник на премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), се соочува со отказ од Владата на РМ по превезувањето на неговата ќерка со службено полициско возило на одмор во Грција а дека е направена повреда на на процедурата за службено патување потврдии самата истрага на МВР.
Денес на владина седница ќе се најде токму предлогот за разрешување на Велковски кој во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавањеб и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година.
Во Агенцијата за разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач… До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.