27 Декември, 2024
0.0276

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Објавено во: Економија 26 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска во Собранието на пратеничко прашање рече дека повратот на ДДВ доцни кај фирмите затоа што се прават проверки дали имало фиктивни злоупотреби.

Претходно пратеникот Фатмир Битиќи реагираше дека се крши законот со тоа што се пробива пропишаниот рок од 30 до 60 дена за поврат на ДДВ кон компаниите.

„Што очекувате? Редовен е. Има компании со проневерени пријави. Треба повторно да ги прифаќаме фиктивните фактури и да го финансираме криминалот? Вашата игра беше фиктивни фактури, фантомски фирми, непостоечки жители од Косово, во Бугарија и Турција, затворање на компании итн. Сето тоа е детектирано и тука е проблемот. 

Таму каде што има спорни ситуации, има отворени предмети. Додека не се затворат предметите од надлежните институции, логично е дека не може да има поврат на ДДВ. Тоа требаше и вие да го правите, а не само ние“,рече министерката.

Димитриеска Кочоска на следното пратеничко прашање за тоа зошто капиталните инвестиции не се одвиваат во посакуваната динамика, меѓудругото, рече дека се давале фалсификувани банкарски гаранции изнудувани со закани од „нечии внуци“ во Министерството за финансии и дека затоа тие реализации сегасе стопирани.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија