19 Декември, 2025
0.1096

ЌЕ ИМА ЛИ КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА НА УКИМ: Студентите очекуваат насоки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2020 11:11

Добивај вести на Viber

Студентите на повеќе факултети при УКИМ се уште се во очекување на насоки за претстојната колоквиумска недела. Дел од професорите велат дека електронски им праќаат материјали, но се уште немаат конкретни информации како процесот ќе тече понатаму.

-Студентите се подготвуваат исто како да ќе има колоквиумска недела, со изучување на материјалите кои им ги испраќаме. Доколку се одложи, ќе има завршни испити во јуни. Ова време најмногу го користиме за праќање материјали за изработка на семинарски работи, и потоа студентите електронски ни го враќаат сработеното. Ние сме во постојан контакт со студентите, ќе видиме како понатаму ќе функционираме, вели професор Зоран Матевски од Катедрата по Социологија на Филозофскиот Факултет на УКИМ.

Студентите, пак, конкретно од Економскиот Факултет велат дека официјално се уште нема насоки како ќе се полагаат колоквиумите.

-Официјално известување треба да добиеме утре, односно на 19. Март. Новина е дека службата за студенстки прашања е дигирализирана, вели студентката Марта Чадиковска, член на Комисијата за настава на Универзитетското студентско собрание.

Университетското студентско собране излезе и со свои предлози во однос на колоквиумите и испитите

-Предлагаме нивно одложување се додека не се креираат услови за полагање на истите. Во моментов ситуацијата е неизвесна и небезбедна, па би било несовесно да се изложуваме на дополнителен ризик. Додека да се создадат безбедни услови за полагање на испитите и колоквиумите, професорите можат да користат алтернативни начини на проверка на знаењето (семинарски), за предметите каде што тоа е возможно.Во однос на лабараторските вежби, за жал не гледаме безбеден начин за нивна реализација. Предлагаме нивно одложување, додека не се направат услови за безбедно одржување

Извори од економскиот факултет кажуваат дека најверојатно ќе се скрати испитниот материјал и ќе се оди директно на испитна сесија. Ако од 24 март се продолжи со рестрикцијата на наставата, ќе се бараат алтернативни начини за настава, но за сега нема електронска настава на економскиот факултет.

ФИНКИ веќе организира е-настава, истото го спроведува и Правниот Факултет, се очекува наскоро и Филолошкиот Факултет да почне со ваков тип на настава, се во интерес на студентите. Универизитетското собране апелира дека треба да се продложи со образовниот процес по секоја цена и дека во моментов имаат предложено неколку платформи со цел да се одвива наставата електронски. Сепак, најтешко им е на уметничлките и на природно-математичките факултети, бидејќи имаат потреба од специфични услови за вежби.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот