16 Декември, 2025
0.0644

Ќе има ли ново “кастрење” на грчкиот долг?

Објавено во: Балкан 24 Април, 2014 08:16

Добивај вести на Viber

Кредиторите на Грција ќе започнат преговори за потребата од  дополнително олеснување на долговите на долг период, откако Брисел потврди дека Атина има постигнато примарен буџетски суфицит минатата година. Европските власти пак потенцираа дека не може да се очекува ново отпис на грчкиот долг, за што инсистираше Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Поголемиот дел од грчките обврзници се чуваат од владини кредитори, што би значело дека ново отпишување на долгот би предизвикало директни загуби за владите на земјите од еврозоната. Се очекува сепак претставници на девизниот блок да го  продолжат понатаму рокот на спасувачките заеми за нашиот јужен сосед, како и да ги намалат каматите на нив. Иако тоа нема да доведе до пад на износот на долгот на Грција, кој во 2013 година достигна рекордни 175% од бруто домашниот производ (БДП), сепак овие мерки значително би и ја  олесниле работата на Атина. Евростат вчера потврди дека примарниот суфицит на Грција за минатата година достигна 0,8% од БДП (над 1,5 милијарди евра). Од Еврокомисијата потврдуваат дека во врска со тоа ќе има преговори за евентуални олеснувања на должничкото бреме. Според извори од грчката дипломатија Атина најверојатно ќе го покрене ова прашањето уште на следната средба на Еврогрупата. Поголемиот дел од примарниот суфицит сепак нема да оди за намалување на долговите на земјата, туку за тековните плаќања. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата