Ќе имаме повеќе видови на коронавирусот, затоа немојте да патувате, вели Вилер
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Јануари, 2021
Ќе имаме повеќе видови на коронавирусот, затоа немојте да патувате, вели Лoтер Вилер, претседател на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.
Тој објаснува дека Германија ќе го стави коронавирусот под контрола до крајот на годината, но нов, поинфективен вид на коронавирус може да ја влоши ситуацијата.
„Досега Германија регистрираше 16 случаи на британско вид на вирусот и четири видови на јужноафриканскиот сој, додаде Вилер, објави „Ројтерс“.
Тие се заразиле по враќањето од странство. Во десет од 16 германски покраини, исполнетоста на болничките легла е скоро на при крај, а во единиците за интензивна нега, 85 отсто од креветите се зафатени.
Досега во светот се потврдени 93.1 милион случаи на коронавирусот. Од нив 66.5 милиони луѓе го преживеале вирусот и оздравеле. Новиот вид на коронавирусот кој се појави во Британија, го има во повеќе од 50 држави во светот.
Неколку мутации на коронавирусот се регистрирани и во Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.