16 Декември, 2025
0.0436

Ќе извиси ли балканот: „Јужен поток” завршува во Австрија?

Објавено во: Балкан 23 Април, 2014 09:00

Добивај вести на Viber

"Гаспром" официјално призна дека гасоводот  "Јужен поток" може да заврши со крајна точка во Австрија. Ова го соопшти агенцијата "Интерфакс ", повикувајќи се на изјавата на претседателот на рускиот гасен монопол Алексеј Милер во крајот на преговорите со австриските партнери. "За да биде оптимизиран проектот "Јужен поток ", и земајќи ги предвид достапните портфолиа на договори на Гаспром, ние се согласивме со предлогот на австриската страна да ги испита можностите за изградба на делницата на гасоводот во Австрија во рамките на сегашниот меѓувладин договор, паралелно со остварените работи по изградбата на гасоводот на територијата на Словенија ", се наведува во соопштението на концернот. Првично гасното складиште во австрискиот град Баумгартен се перцепира како крајна точка на "Јужен поток". Русија и Австрија дури потпишаа во 2010 година меѓувладин договор, а овластените компании создадоа заедничко вложување во South Stream Austria GmbH. Само откако Австрија се фокусираше на алтернативниот проект Набуко, беше одлучено "Јужен поток " да стигне до севeрниот дел на Италија преку Словенија. Излезе, сепак, дека сегашниот основен пат е изведен пред бројни ризици. Ако природниот гас влезе во Италија не од Австрија, туку од Словенија, тогаш тој ќе се добива веќе во друга точка - во Рeтече, а не во Тревизо и тоа ќе доведе до преиспитување на договорите. При разгледување на договорите е предвидена можноста да се договараат какви било промени, не само точките на пренос на природниот гас, како што сака руската страна, туку и на цените, како што сакаат купувачите во Европа. Ова сепак создава непријатност за добавувачот, пишува БТА. Трасата на гасоводот до Италија е 1 470 километри со сума од 6,6 милијарди евра по цени од 2010 година. Трасата до Баумгартен е пократка - 1 330 км и поевтина ( 5,8 милијарди евра ). Комбинираниот пат ( 1 740 км) со крајни точки во Ретече и Баумгартен чини 6,7 милијарди евра. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата