05 Декември, 2025
0.0503

ЌЕ ЈА ДОБИЛЕ ЛИ МАСК НАГРАДАТА: акционерите му одобрија исплата - „ќе биде интересно да се види дали друг суд е подготвен да го признае гласањето“

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2024 11:16

Добивај вести на Viber

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, на X објави дека мнозинството од акционерите на компанијата го поддржуваат исполнувањето на спогодбата од 55,8 милијарди долари што Тесла му ја додели на Маск во 2018 година.

Гласањето се случи само неколку месеци откако судијата во Делавер ја поништи одлуката да се додели наградата.

Во објавата на X, Маск рече дека акционерите со големо мнозинство ја поддржале одлуката да го награди и да ја пресели компанијата во Тексас.

Тој објави и графикон кој покажува дека двете одлуки веќе собрале значително повеќе гласови отколку што биле потребни за нивно усвојување. Во соопштението Маск им се заблагодари и на акционерите за поддршката.

„Честитки за добивањето на платата што ви беше ветена и за преселбата во Тексас. Добредојдовте во земја која нема ниту персонален ниту корпоративен данок на доход“, напиша тој, пренесуваат медиумите.

Претходно на судењето, директорите на Tesla тврдеа дека договорот е направен за да се осигура дека Маск ќе продолжи да го посветува своето внимание на компанијата.

Но, судијата на судот во Делавер изјави дека адвокатите на Тесла и Маск „не можеле да докажат дека акционерите биле целосно информирани за гласањето“, исто како што тој имал „силни врски со луѓето задолжени за преговорите во име на Тесла“.

Противниците ја гледаат исплатата како незаслужен и прекумерен подарок од одборот во кој се вклучени братот на Маск Кимбал и други блиски сојузници. Велат дека тоа е во судир со интересите на акционерите.

Големите институционални инвеститори како што се државниот фонд на Норвешка и пензискиот фонд за наставници во Калифорнија се противат на исплатата.

– Гласањето не менува ништо – рече Матје Шапиро, управен партнер во адвокатската фирма Obermayer Rebmann Maxwell & Hippel. Тоа само му нуди на Тесла можности да се обиде да го искористи гласот за да добие подобра одлука понатаму. Ќе биде интересно да се види дали некој друг суд е подготвен да го признае гласањето донесено по одлуката на судечкиот суд.

Неверојатната сума предизвика критики и ја зголеми загриженоста дека управниот одбор на Тесла е премногу покорен и близок со Маск, пренесува Си-Ен-Ен.

Во јануарската судска одлука, судијката во Делавер, Кеталин Мекормик, пресуди дека сумата е „неправедна“ и дека процесот за одредување на пакетот, од одбор во кој доминира Маск, бил „длабоко погрешен“.

Судијката Мекормик истакна дека Антонио Грацијас, кој бил директор на одборот на Тесла, имал „таков личен однос поради кој редовно летувал со семејството на Маск“.

Маск објави дека сака да го премести правното седиште на фирмата во Тексас, откако судот во Делавер, каде што моментално е инкорпориран, го поништи неговиот пакет за плаќање, застанувајќи на страната на мал инвеститор кој го тужеше за договорот.

Планот за компензација му дава на Маск права на приближно 300 милиони акции – што е еквивалентно на 10 отсто од акциите во фирмата – како награда за исполнување на бројни цели поставени во 2018 година, кои се поврзани со продажбата, профитот и цената на акциите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката