25 Јануари, 2025
0.0304

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство работи на предистражната постапка за предметот во кој е донесена одлука Телеком да плати отштета од 4 милиони евра на човек фирма од Штип.

Се очекува во обвинителството да се забрза работата, особено откако Владата упати остри критики за отсуството на резултати од работата на обвинителството, по што следеа интерни контроли. Постапката во Обвинителството почна откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, пред неколку месеци го испрати предметот за натамошно разгледување.

Се работи за предметот во кој Апелација, преиначувајќи ја првостепената одлука, пресуди Телеком да плати 4 милиони евра отштета на човек фирма од Штип. Фирмата имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година. Договорот бил раскинат од Телеком поради неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа почнал долг судски спор пред првостепениот Граѓански суд во Скопје, кој минатата година пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана непосредно по донесување на пресудата на Апелациониот суд. Фирмата не дала ниту доказ за број на претплатници, инвестиции и слично.

Во Телеком државата има удел од 35 отсто, па ваквата судска пресуда ќе значи и помал принос во државната каса по основ на дивиденда. Детални информации за случајот се испратени и во Владата и во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација и до Генералниот секретаријат на Владата. Во информацијата се споделени низа докази за повреди на Законот за судови и Законот за парнична постапка, но и сериозни индиции за недозволени влијанија помеѓу судии и адвокати на човек фирмата на која и беше досудено да наплати отштета од 4 милиони евра. Покрај тоа, констатирано е дека во преиначената пресуда од Апелација се споменуваат документи на Телеком кои воопшто не биле дел од постапката, а дел од правниот тим на штипската фирма е и лице кое до 2015 година работело во Телеком во секторот за правни работи.

За истиот предмет по претставка за судијката известител расправаше и Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во постапката, меѓу кои и дека бил потпишан записник и пресуда без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка. Републичкиот судски совет се очекува да закаже нова седница на која ќе се разгледува одговорноста на судиите. За истиот предмет постојат повеќе претставки до РСС, кои според најавите ќе бидат споени, а една од нив е поднесена од претседателката на Апелациониот суд Мери Дика Георгиевска. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност