15 Јануари, 2025
0.0357

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

Објавено во: Економија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе вложи најмалку седум милиони евра и ќе отвори 200 работни места. 

Ќе инвестираат најмалку седум милиони евра и ќе отворат 200 нови работни места. Ова го предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ Бау АГ“ за која денеска во Владата Договор потпишаа премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на oваа компанија.

Инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово. Изградбата на планираните објекти треба да почне кон крајот на првата половина од 2025 година.

„ДМ Бау Интернешнал“ е дел од Групацијата „ДМ Бау“, швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години традиција.

„ДМ Бау“ е еден од најголемите европски производители во овој сегмент. Сега производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите, „ДМ Бау“ одлучи да ги реализира преку Македонија. 

„ДМ Бау“ ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање со вкупна површина 35 000 метри квадратни. За оваа цел компанијата годинава купила 72.000 метри квадратни земјиште каде веќе се во тек подготвителни активности за инвестицијата.

„Ние сме швајцарска компанија која се фокусира на префабрикувани дрвени конструкции и мошне внимателно размислувавме за нашето проширување. Внимателно проверувавме неколку различни места и можности за тоа каде може да ја прошириме компанијата и конечно навистина сме среќни што Северна Македонија се појави како место што го избравме и мислам дека досега се течеше добро – дијалогот, отвореноста, пронаоѓањето решение. Тоа ни покажа дека нашата одлука беше вистинска. Затоа, навистина со нетрпение очекуваме да почнеме со нашиот процес тука и сигурни сме дека заедно со вас можеме да изградиме успешна компанија во Северна Македонија. Исто така сме и мошне горди што нашиот проект е во тек. Со нетрпение очекуваме да можеме да создадеме нови работни места, нови можности тука, во овој регион, како и да додадеме вредност кога станува збор за образованието и едуцирањето за префабрикувани конструкции“, велат од менаџерскиот тим.

„ДМ Бау Интернешнал“ е сопственост на лице со потекло од Македонија кое работи во Швајцарија.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата