15 Декември, 2025
0.1099

ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНИ, АМА НА ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ НАВРЕМЕ, НИКАКО - „фрчат“ глоби од пазарните инспектори за непочитување на Законот за финансиска дисциплина

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2023 07:19

Добивај вести на Viber

Ако за нешто најмногу казнува Државниот пазарен инспекторат, тоа е убедливо за непочитување на Законот за финансиска дисциплина во земјава.

Ова значи дека и покрај законот, и покрај силните контроли и казните, на македонските компании не им доаѓа памет и тие упорно должат многу подолго од законски предвидениот рок, што, пак, им носи големи казни, односно прекршочни налози.

Но, тоа како да не влијае врз нив, и тие продолжуваат долго да им должат на своите деловни партнери.

За тоа колку не се почитува Законот за финансиска дисциплина доволно говори фактот што во период од само една недела, односно од 16 јануари до 22 истиот месец годинава, Пазарниот инспекторат, од вкупно направени 709 инспекциски надзори, донел 122 решенија за неправилности кои биле „уловени“, а од нив дури 103 решенија се однесуваат токму на Законот за финансиска дисциплина.

Непочитувањето на Законот за финансиска дисциплина сочинува речиси половината од прекршочните платни налози кои ги издале државните пазарни инспектори, односно, ако во овој споменат период биле издадени 105 прекршочни налози, дури 43 од нив се однесуваат на Законот за финансиска дисциплина.

Од она што може да се заклучи од последното соопштение на ДПИ објавено на нивната веб страница, се гледа дека за споменатиот период од една недела, инспекторатот издал прекршочни налози на сума од 3,57 милиони денари, или 58 илјади евра. Па, ако се претпстави дека половина од нив се однесуваат на должење подолго од предвидното, би се извлекол заклучок дека само за една недела фирмите заради неппочитување на роковите платиле казни од околу 30 илјади евра, што секако, не мора да е точно, со оглед на различните казни за различни прекршоци по кои постапува ДПИ.

Како што е познато, на стартот кога се донесе Законот за финансиска дисциплина по него постапуваше Управата за јавни приходи, но потоа оваа обврска ја презеде Државниот пазарен инспекторат.

Инаку, Законот за финансиска дисдциплина предвидува приватните фирми да не смеат да доцнат со плаќањето повеќе од два месеци.

По исклучок, во деловната трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор може да се договори рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни и под услов тоа да не е значително нефер кон доверителот, стои во законот.

Глобата е 10.000 евра за прекршок на економски оператор од приватниот сектор - трговско друштво, трговец поединец и правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано согласно со закон, доколку не ја исполни паричната обврска во утврдените рокови. А глоба во износ од 30 отсто ќе му се изрече на одговорното лице во трговско друштво, или попрецизно кажано, на директорот на таа компанија.

А, Државниот пазарен инспекторат во споменатиот период делувал и по Законот за трговија, со кој се контролира работното време на трговските објекти или продавање алкохол на малолетници, за што се изречени девет прекршочни платни налози, како и по Законот за угостителска дејност, во однос на работното време на локалите, за што се заработени 21 прекршочен налог.

Во последниов перид ДПИ серизно постапува и по Законот за заштита од пушењето, за кој во споменатиот периоод „настрадале“ 20 угостителски објекти, односно заработиле прекршочни налози.

Се контреолирало и за други неправилност, но за нив се изречен помал број прекршочни платни налози.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност