ЌЕ ПЛАТИ 3.500 ДОЛАРИ: Чилеанскиот претседател направи селфи со обожавателка, а при тоа не носи маска
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Декември, 2020
Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера е казнет со 3.500 долари поради неносење маска.
Тој доби казна откако позираше за селфи без маска покрај случајна минувачка на плажа, објави Ројтерс.
Пињера се извини и се пријави кај надлежните органи откако фотографијата се појави на социјалните мрежи на почетокот на месецов. Раскажа дека шетал сам на плажа во близина на неговиот дом во Какагуа, кога една жена го препознала и побарала да се фотографира со него. Фотографијата покажува дека и претседателот и случајната минувачка стојат многу блиску еден до друг, и двајцата без маски. Во Чиле носењето маски е задолжително на сите јавни места, а за кршење на оваа мерка се предвидени парични казни, па дури и затвор.
Во Чиле над 16.000 луѓе починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.