ЌЕ ПОТРОШАТ ПОМАЛКУ ПАРИ: Швајцарија погрешно ги пресмета трошоците за пензии

Објавено во: Економија 08 Август, 2024 18:36
Швајцарија погрешно ги пресмета трошоците за пензии.
Швајцарската влада информираше дека погрешно ги пресметала трошоците за пензии, што значи дека за пензии ќе се трошат помалку пари од претходно планираното. Беше утврдено дека дефицитот во исплатата на пензиите до 2033 година ќе изнесува 4 милијарди франци (4,26 милијарди евра), а претходно се проценуваше дека овој дефицит ќе изнесува седум милијарди франци (7,46 милијарди евра).
Скоро 60 отсто од Швајцарците на референдумот во март гласаа 13-тата пензија да се исплати од 2026 година. Но, 75 отсто изнесува процентот на оние кои на истиот референдум гласале против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години.
Изабел З. Мартинез од Универзитетот ЕТХ во Цирих потсети дека ваквите грешки се невообичаени во проценката на дефицитот, пишува Euronews.
Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
