ЌЕ СЕ ДОГОВОРААТ ЗА „МАЛ ШЕНГЕН“: Вучиќ и Рама гости на Заев во Охрид
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2019
За денеска е најавена уште една средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама со премиерот Зоран Заев.
Домаќин ќе биде Охрид а токму таму на маса ќе се најде договорот кој тројцата политичари го договораат за „мал Шенген“.
По првичната трилатерална средба лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија ветија во заедничка Декларација за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.
Во декларацијата,по средба во Нови Сад се вели дека потписниците, свесни за одговорноста за обликување на судбините на нивните земји, се посветени на зајакнување на мирот, еднаквоста, владеењето на законот и просперитет за сегашните и идните генерации во Југоисточна Европа.