ЌЕ СЕ СКРАТАТ ЛИ ДЕНОВИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА И ЌЕ ИМА ЛИ НОВИ МЕРКИ: Што ќе препорача Комисијата за заразни болести
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022
По огромниот скок
на новозразени граѓани со корона вирусот, Комисијата за заразни болести
сериозно ќе ја разгледува епидемиолошката состојба во земјава. На утрешниот
состанок, кој го свика претседателот на Комисијата, д-р Жарко Караџовски,
членовите пред се ќе разговараат за деновите за изолација, односно за
решенијата кои ги издава Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лицата
кои се позитивни на Ковид-19.
-Ќе ја разгледуваме можноста да се скрати времето на изолација за граѓаните кои се регистрирани позитивни случаи на вирусот, но можно е да разгледаме и некои други опции кои ќе се однесуваат на повеќе категории-вакцинирани, невакцинирани, симптоматски случаи и така натаму. Ќе видиме што ќе препорачаме. За среќа, и покрај тоа што има многу нови заразени, сепак, многу помал е бројот на лица кои имаат тешка клиничка слика. Реално уште нема сериозна навала во болниците. Оваа варијанта дефинитивно се покажува како многу позаразна, но дава полесни симптоми. Освен тоа, од лани до сега огромен број граѓани го прележаа вирусот, половина од возрасното население е и вакцинирано, па коилку омикрон и да го заобуколува имунитетот стекнат што по природен пат, што со вакцинација, нема толкава сила да го разорува човечкиот организам и огромен број од луѓето да завршуваат во болница. Затоа сметаме дека и деновите на изолација треба да се намалат, зошто во спротивно, како тргнало, ќе нема кој да работи, велат добро упатени извори од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Инаку, деновиве, по новогодишните празници бројот на новозаразени надминува над 1.000 случаи на дневна основа. Тестирања има премногу, а освен гужвите во лабораториите, тестовите за домашна употреба кои се продаваат во аптеките се трошат со невидена брзина.
-Овие бројки со кои сега се соочуваме секако дека се директна последица на сите прослави за нова година. Затоа и постојано апелиравме се да биде умерено, да ги нема оние собири од по 100-тина луѓе во затворени простории, но сите се опуштија. Затоа, на утрешниот состанок ќе стане збор и за евентуални нови антиковид мерки. Дали ќе препорачаме дефинитивно, ќе видиме утре, што покажуваат сите анализи од изминатава недела, посочува изворот за Фактор.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.