25 Април, 2024
0.0312

ЌЕ СЕ СОСТАНЕ БУГАРСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ: Teма е Македонија и нејзините евроинтеграции

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Maкедонија е темата за која бугарскиот државен врв утре свика итна консулативна средба. 

Ќе разговараат за резулатите од работата на македонско бугарската комисија и за поддршката на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.  Состанокот го свика претседателот Румен Радев, а поканети се  и премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, преставниците на Собранието, како и шефот на бугарската експертска група Ангел Димитров.  

Различни мислења имаше изминатиов период во Бугарија за работата на комисијата. 

ЕУ не може да биде легитимација за неправди, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов за БГНЕС

„Доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија. Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската Унија“, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски, пренесува БГНЕС.

Радев месецов се сретна со бугарските претставници од Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања и им порача дека следните месец дена ќе бидат клучни во преговорите со експертите од македонската страна. Тој им напомена дека Македонија на средината на следниот месец се очекува да добие Датум за преговори а до тогаш треба да бидат изградени ставовите на двете страни од комисијата или во спротивно ќе побара од бугарскиот парламент да ја промени позицијата кон Македонија и да направи нова стратегија.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови