Сите бараат, Владата молчи: Ќе се вози пар-непар поради загадувањето?
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 09:27
Владата ја има одлуката в раце и таа треба да предложи законски измени.
Дали ќе ги прифати предлозите на Министерството за екологија кое со допис побара законски измени кои ќе овозможат конкретна борба против загадениот воздух засега е неизвесно.
Министерството за екологија бара да се вози пар-непар секогаш кога ПМ 10 честичките ќе надминат 50.
Меѓутоа многу граѓански активисти досега предложуваа да ЈСП да ги отвори вратите за бесплатно возење за време на енормно загадување.
Високите ПМ честици се уште се присутни во воздухот.
Скопско Ново Лисиче продолжува да биде најзагадена населба во главниот град а штетните ПМ10 честички биле за 6 пати над дозволеното ниво. Високо аерозагадување е регистрирано и во Битола.
1.300 луѓе годишно во земјава умираат поради компликации од загадениот воздух.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




