17 Декември, 2025
0.0310

Ќе се запленува имотот на еден од најголемите тајкуни во Србија Мирослав Богиќевиќ?

Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2014 12:36

Добивај вести на Viber

Српските власти во понеделникот покренаа финансиска истрага и го уапсија еден од најмоќните бизнисмени во земјата, сопственикот на „Фармаком“ Мирослав Богиќевиќ. Тој заедно со уште шест лица е осомничен за финансиски малверзации и изречени му се 30 дена притвор. Со оглед на тоа што е осомничен дека ја оштетил српската Привредна банка за 15,5 милиони евра, на Богиќевиќ наскоро му се заканува заплена на неговиот имот. „Постојат индиции дека дел од имотот во негова приватна и и во сопственост на неговите компании не е стекнат на легален начин. Истражните органи се обидуваат да им влезат во трага на сметките во странство на кои се претпоставува дека има големи пари. За сега знаеме дека има повеќе станови во Белград, недвижности во странство, пред се во Монте Карло, скапоцени автомобили... Се знае дека има и приватен авион вреден 1,5 милиони евра“, изјавил извор на истрагата. Паралелно се врши контрола и на имотот на „Фармаком“ и неколку други поврзани компании. Даночната управа на Србија во јуни на Богиќевиќ му го одзеде рудникот Зајача, а даночниот долг на милионерот кон државата кој се проценува на околу 300 милиони евра, веројатно исто така ќе се наплати преку заплена на имот.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата