26 Декември, 2024
0.0353

ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВААТ ПРАВАТА НА ДЕЦАТА: Новиот Закон предвидува и казна како општокорисна работа, еве ги деталите

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Закон за правда за децата кој треба да допринесе кон остварување на најдобриот интерес на детето е доставен во Собранието. Според предлагачите, Владата и Министерството за правда, со него ќе се придонесе за социјална инклузија и недискриминација на децата во Македонија.

Законот има широк опфат, и систематизиран е во осум дела, со кои се опфаќаат повеќе различни сегменти. Се дефинира постапувањето со децата, мерки за помош и заштита, а предвидени се и санкции за кривични дела и прекршоци. Посебен сегмент ја уредува заштитата на децата жртви на кривични дела или сведоци во крвична постапка, но и заштита на дете како оштетено или сведок во кривичната постапка.

Со законот се усогласуваат правата на децата со меѓународните договори ратификувани со Уставот. Новина е дефинирање на начелото најдобар интерес на детето, право на употреба на јазик, правото на детето да биде информирано и активно да учествува во носење на одлуки во неговиот живот и да даде свое мислење.

-  Дете жртва е секое дете на возраст до 18 години кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на правата и интересите како последица на извршено дејствие со закон предвидено како казниво дело – се наведува во Законот доставен до пратениците.

Дете жртва се смета и лице чија возраст не може да се утврди ако постојат причини да се верува дека е дете. Воедно, се утврдува дека жртва се и членовите на семејството на дете жртва чија смрт настапила како резултат на кривичното дело. Новина е и дефиницијата на дете во ризик, дете во судир со законот, а се дефинира дека дете жртва е и дете кое промовира, прифаќа, оправдува и учествува во дејствија на радикализација, насилен екстремизам и тероризам, тешки облици на насилство, миграциски движења, ксенофобија и други тешки форми на  екстремизам.

Судска постапка се поведува во случаите предвидени како кривично дело, ако детето над 14 години сторило дејствие кое е предвидено како кривично дело за кое се изрекува казна затвор од три години или потешка казна, или во случај кога целта на мерките или на санкциите утврдени со овој закон не може да се постигне без таква постапка.

-  Спрема дете во ризик до 14 години и дете во ризик над 14 години се применуваат со закон предвидените мерки на помош и заштита, само кога центарот за социјална работа ќе оцени дека состојбата на ризик се одразува врз развојот на личноста на детето и неговото правилно воспитување – се наведува во законот.

Се дефинираат и ситуации во кои дејствието на дете во ризик до 14 години со закон е предвидено како кривично дело за кое е пропишана казна затвор над пет години, кај кривично дело од областа на семејно насилство, телесна повреда и кога по процена на стручното лице од центарот постои загрозеност на личноста, правата и интересите на детето, задолжително на разговорот присуствува адвокат кој пружа правна помош. Исто така е посочено дека трошоците за правна помош од адвокат во случаите кога родителите односно старателот не е во состојба да ги плати, ги исплатува Министерството за труд и социјална политика.

На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки. Предлог на Законот предвидува укор или упатување во Центар за деца, засилен надзор од родителите или старателот, специјализирано згрижувачко семејство или од страна на центарот за социјална работа и заводски мерки упатување во воспитна установа или во воспитнопоправен дом. На дете од 16 до 18 години за дејствие кое е кривично дело можат да му се изречат воспитни мерки, дури и казна, мерка на безбедност.

-  Целта на санкциите е преку заштита и помош на децата со надзор над нив, со нивно стручно оспособување и развивање на нивната лична одговорност да се обезбеди превоспитување и правилен развој. Судот може да упати во воспитна установа дете врз кое треба да се обезбеди постојан надзор од стручни лица. Во воспитната установа детето останува најмалку шест месеци, а најмногу три години. Судот го определува нејзиното траење. Воспитната установа поднесува извештај на секои шест месеци, односно 60 дена пред истек на времетраењето на мерката – пишува во законот.

Исто така се дефинира дека во воспитно-поправен дом детето останува најмалку шест месеци, а најмногу до пет години, односно до наполнети 23 години. На дете над 16 година возраст можат да му се изречат следниве казни: затвор за деца, парична казна, забрана на управување со  моторно возило од определен вид или категорија и протерување на дете странец. Спрема дете кое е непресметливо согласно и под условите утврдени со Кривичниот законик може да се изрече мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа и задолжително психијатриско лекување на слобода. На дете од 14 до 16 години за дејствие што со закон е прекршок може да му се изречат: мерка укор или мерка засилен надзор од родителите  или старателот или мерки на засилен надзор од страна на центарот за социјална работа.

-  Новина е одредбата во член 68 став 5 согласно која по исклучок на прекршочно одговорно дете над 16 годишна возраст може да му се изрече општокорисна работа и протерување на дете странец – се наведува во Законот

Во посебни делови се уредуваат условите за медијација, определување на медијатор, траење на постапката на медијација, спроведување на постапка за медијација, и завршување на постапката за медијација. Законот предвидува и посебни услови за третирање на дете при дела кои спаѓаат во кривични, при што им се гарантира судење во разумен рок пред независни судови.

П.О.

Фото: note thanun on Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство