30 Април, 2024
0.0381

Клати врата земај плата

Објавено во: Економија, Колумни 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Години наназад стереотипи и предрасуди се среќаваат во различни области на општественото живеење, било религиски, било етноцентристички, било национални, родови, сексистички и останати. Во секое време, не само денес во ова време-невреме, предрасудите и стереотипите биле катадневие и брзо се прифаќале, а тешко искоренувале. Сведоци сме на вкоренети ставови кои апсолутно, како што се вели народски “не држат вода”, но не се откоренуваат, напротив, како троскот се всадени во менталната матрица на луѓе, кои дури и со својот интелект предничат над многумина. ден од тие стереотипи, кој е специфичен за нашето поднебје и нашето општествено миље се однесува на работата во државната администрација. Дури и на шега, но некогаш и мошне сериозно, родителите во процесот на социјализација на своите деца, како вредносен дискурс им го вкоренувале ставот- учи за да не се мачиш да работиш. Ако се анализира овој став може многу да проговори за начинот на размисла и сознаен животен дискурс на еден млад човек. Администрација место каде се се прави,  ама најмалку се работи Колку и да сакаме да избегаме од секојдневното клише и да ги надминеме стереотипите, а кои сметаме дека не враќаат чекор наназад, сепак не можеме во потполност да го сториме тоа бидејќи нашето секојдневие тоа не ни го дозволува. Еклатантен пример за тоа е нашата ни државна администрација. Години наназад се говори за тоа, години наназад со самото споменување на државна администрација асоцијацијата веднаш паѓа на место каде се се прави ама најмалку се работи. Простете ми можеби некој ќе се најде повреден, немам интенција за тоа, но мора јавно да се проговори за старата болка која воопшто не исчезнува и уште повеќе го мачи ова наше општество. И не случајно говорев за предрасуди и стереотипи кои можеби и во одреден сегмент имаат одредена реална основа, која може да се преслика во државната администрација и старата изрека која е синоним за неа - Клати врата земај плата. Отворени многу прашања за човечки судбини кои се дел од таа наша државна администрација Синоќа на таа изрека ме потсети  дебатата на 24 анализа, која за воља на вистината отвори многу горливи и затскриени прашања, но и отвори прашања за човечки судбини кои се дел од таа наша државна администрација. Колку и да сум дел од една интелектуална елита признавам, како и повеќето, имаме празнини околу одредени сознанија за области кои не се дел од нашето научно миље, но благодарение на наши колеги, чија потесна специјалност е државна администрација, имаме можност да осознаеме нешто ново и да бидеме побогати за уште едно сознајно искуство. Колешката Ана ме нахрани со информации кои верувам дека за многумина беа непознаница, па дури и фрапантно делуваа - замислете само еден сегмент - во држава со 2 милиони жители 180 000 државни службеници, па луѓе мили колкав е тоа процент од работо способно население...Принципот на награда и казна, ја слушам колешката и не ми се верува, законски мора да казните некого, без оглед дали тоа го заслужува...и уште толку многу небулози и прашања кои си ги поставувате а немаат логичен одговор. Не се плашам, што и да биде, секое зло за добро нека е Но, она што посебно ме вдахнови и поттикна да ја напишам оваа колумна е искрената исповед на една млада жена Александра, интелектуалка, државна администраторка, која толку суптилно, но силно и пластично ни ја прикажа сликата за функциоирањето на службениците во државната администрација. Верувајте дека емоции ме совладаа гледајќи ја и слушајќи ја, храбра, мудра, одважна, полна со знаење, достоинствена и покрај сите понижувања кои ги доживеала сиве овие години. Ме трогна искреноста, но уште повеќе храброста и посебно свесноста за стравотиите и последиците кои може да ги доживее, а тие беа срочени во крајната поента - не се плашам, што и да биде, секое зло за добро нека е. Е тоа е жена со вредности кои малкумина денес ги поседуваат, но и жена патриот која вели дека си ја љуби државата и дека сака да работи за неа, дека верува во иднината на ова парче земја која е нејзина татковина, уф колку алтруизам и патриотизам имаше во нејзините реченици. И тоа ми даде надеж дека борбата за подобро утре треба секој да ја води, тоа ми даде надеж дека партизацијата на администрацијата ќе биде минато и вистинските луѓе, како неа, полни со знаења и компетенции ќе бидат на вистинските места.. Слушајќи ја си реков луѓе  мои во која држава јас живеам, во демократска или онаа за која говори Орвел? Ама и воскликнав има надеж, има иднина за нашата ни мила Македонија. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје  

Можеби ќе ве интересира

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас