Клик Плус дебата: Груевски е опасен и да не се потценува, СДСМ убедува нема промена на Устав
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 13:20
Во најновото издание на дебатниот магазин „Клик плус“, се дискутираше на тема „Дали партиите имаат план Б“, откако претседателот Иванов одби да му го додели мандатот на Заев со што Македонија влезе во нова подлабока криза.
Според професорот Мерсел Биљали албанската платформа е само изговор за претседателот Иванов кој и онака би нашол изговор воопшто да не му даде мандат на Заев да состави влади.
Максим Димитриевски од СДСМ уверуваше дека партијата досега воопшто не преговарала со ДУИ за точките од албанската платформа и гарантира дека нема да дојде до промена на Уставот ниту пак уривање на унитарноста и сувереноста.
Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, изрази голема загриженост за актуелната состојба и смета дека Никола Груевски сега е најопасен и подготвен на секакви сценарија што политичките противници целосно го потценуваат.
Целата дебата на Клик Плус која вчера се емитуваше на ТВ 21 погледнете ја во продолжение.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




