19 Декември, 2025
0.0932

Клиника Жан Митрев: Три недели имавме блокирана сметка со 1,5 милиони евра „на барање на Доказ.мк“

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2023 11:29

Добивај вести на Viber

„Жан Митрев“, по информацијата на Обвинителството за претресот во домот на Марјан Стаменковски, сопственикот на „Доказ.мк“, се огласи дека клиниката се соочила со блокирана сметак во период од три недели на која имало средства во вредност од 1,5 милиони евра, по три дена откако порталот тоа го најавил во јавноста.

„Клиника Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека во континуитет изминативе седум месеци болницата се соочува со координирани постапки од повеќе чинители со намера да се влијае на редовното работење на болницата.

Во неколку наврати на порталот ДоказМ се објавуваа текстови базирани на информации во предистражната постапка во кои беше најавувано какви мерки ќе бидат преземени против Клиниката Жан Митрев.

За овие индиции за поврзаност да бидат уште поочигледни, се случи токму тоа што го бараше ДоказМ во текстот на порталот со датум 15.11.2022, односно да се блокира сметката на Клиника Жан Митрев и да се забрани продажба на удели!

Три дена после објавата на овој текст на датум 18.11.2022 јавното обвинителство донесува идентична одлука како бараната од Доказ М со која ја усвојува мерката и ја блокира сметката на Клиника Жан Митрев! 

Да потсетиме дека цели три недели сметката на Клиника Жан Митрев беше блокирана и со тоа се влијаеше на редовното работење на болницата. Одлуката беше обжалена, забраната тргната. Иако клиниката сега не е блокирана, можноста за повторно блокирање се уште постои поради тоа што судот ја врати одлуката на повторно разгледување“, соопшти клиниката.

Од таму јавно прашуваат како одлуките на една државна институција се случуваат врз база на она што го пишува порталот ДоказМ и дали со тоа некој сака намерно финансиски да ја уништи Клиниката Жан Митрев и нејзиното работење преку свесно блокирање на 90 милиони денари.

„Дали целта на оваа хајка и операција е непријателско преземање на клиниката преку нејзино носење на раб на економски пропаст за да може да се преземе по багателна цена?“, прашуваат од таму.

За ова ќе бидат известени Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација, како и Советот за етика во медиумите.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината