КЛУБОТ ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: Да не ни бидат херои оние што ни всадуваат омраза и страв, туку оние што не поврзуваат
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 15:04
Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија постигнат со прифаќањето на европскиот предлог од двете земjи.
„Ги поздравуваме нашите две влади и два парламента за пројавената политичка смелост, како и усилбите на Франција и Европската унија за постигнатото решение. Јасно осознаваме дека ова е само почеток на еден сложен и повеќедимензионален процес кој треба да добие општествена поддршка во двете држави“, информираат од Клубот.
Велат дека се убедени дека тоа може да биде постигнато само со активна и сесрдна размена на сите нивоа меѓу двете општества и остварувањето на заеднички цели со потенцијалот и усилбите на сите заинтересирани страни - бизнис, невладин сектор, академски институции, граѓанското општество.
„Нѐ чека многу работа за создавање услови нашите односи да не бидат развивани само на високо политичко ниво, а да се започне позитивен разговор меѓу сите учесници во општествата и во двете држави. Само така можеме да го надминеме меѓусебното непознавање, кое дозволува за „херои“ на нашите односи да бидат претставувани само оние, кои всадуваат страв и омраза меѓу нас. Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат од луѓето кои градат мостови, врски и разбирање, а не всеваат омраза и реваншизам“, пишуваат од Клубот.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




