Коце Трајановски ги собира скопските градоначалници за големото аеро загадување
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
По иницијатива на Коце Трајновски, градоначалникот на Град Скопје, утре ќе се одржи средба на која треба да присуствуваат сите градоначалници на скопските општини со цел да се изготват мерки со кои ќе се намалат последиците од преголемото загадување на воздухот во главниот град.
Средбата е закажана за утре напладне, а доаѓа по бројните жалби од страна на граѓаните дека не се преземаат никакви мерки за да се спречи загадувањето кое во овој период од годината е најголемо.