Добивај вести на Viber
Кочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија. Анѓушев доаѓа на местото на Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција повеќе од една деценија.
Како што изјави Анѓушев по денешната седница на МЕА во Стопанската комора, либерализацијата на пазарот на електрична енергија и нафтените деривати ќе бидат меѓу приоритетите на Асоцијацијата во претстојниот период.