Коцијанчич порача Иванов да овозможи формирање нова влада во Македонија
Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 09:43
Европската Унија го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го преиспита својот став и да овозможи формирање нова влада во Македонија.
Ова го порача Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува агенцијата СРНА.
Таа повтори дека е неопходно Иванов да го почитува изборниот резултат, да постапува според Уставот, да го почитува собраниското мнозинство и да дозволи демократскиот процес нормално да тече.
Коцијанчич вели дека ЕУ е запозната со писмото кое го испратил Иванов и дека уште пред седум дена ЕУ испрати јасни пораки.
Пред два дена Иванов испрати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, до ЕУ, НАТО и до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган да ја осудат и отфрлат тиранската платформа на албанските партии бидејќи нејзината содржина е опасна за Македонија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




