05 Октомври, 2024
0.0276

Кое дрво најдобро го затоплува домот во зима?

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

На прагот на новата грејна сезона, за граѓаните е важно да знаат кој тип на дрво најдобро го затоплува домот. Во време на енергетска криза луѓето треба да знаат како да добијат максимум за парите кои ќе ги потрошат за купување на дрва.

Не сите видови на дрва имаат иста енергетска моќ. Наставникот по стручни предмети од областа на шумарската струка и дипломиран шумарски инженер, Горан Сакалиев вели дека граѓаните генерално се запознаени со карактеристките на дрвата за огрев кои ги набавуваат. Тој предност дава на буката како дрво кое може добро да го загрее домот во зимски услови.

„За загревање на домот, прво треба да имаме добра изолација на станбениот простор, па потоа може да разговараме на таа тема. Доколку сакате да се загреете, секако сите тоа го сакаме, по мое искуство во областа на шумарството поголема енергетска моќ има буката. Буката полесно согорува од дабот, а и многу брзо ја постигнува посакуваната температура во домот. Искуството кажува сè. Луѓето доволно се запознаени кое е најдобро дрво за загревање на домот, но тргнуваат од тоа дали сакаат да заштедат  пари или сакаат да се стоплат. Тука како трет дрвен вид, можам слободно да кажам дека габерот има најголема енергетска моќ, но не препорачувам да се греете само на габер. Ќе прашате зошто? Доколку се греете само на габер за година или две вашето грејно тело ќе се стопи. Што значи тоа? Решетката за задржување на дрвата ќе почне да се свиткува или во најлош случај да се растопи. Затоа е многу добро само 10 отсто од сите дрва кои ви се донесени во домот да ви се габер и да можете да ги мешате за да го немате тој проблем“, вели Сакалиев.

Советува дека е најдобро граѓаните дрвата  да ги набават во месец мај-јуни, за да имаат време да се исушат и да можат да се греат со нив во есенските и зимските месеци.

„Доколку дрвата се зелени (пресно посечени), без разлика дали е бука или даб прво нема да се загреете, друго цело време ќе ви протечуваат сулинарите, ќе ви чади шпоретот кога ќе го  отворите. За разлика од мокрите или зелените дрва, сувите дрва ќе ве стоплат, ќе потрошите помалку, бидејќи сувото согорува и до 90 отсто од вкупниот волумен на дрвото. Дали тоа се постари стебла или треба да се млади, не, нема разлика во тоа, разликата е во тоа кој дрвен вид од дабот ќе ви се донесе, многу е важно потеклото на дрвото да се знае, но секако тоа вие не можете да го знаете бидејќи не секогаш е внесен во извозницата. Некогаш дрва земате од плац каде потеклото на дрвото не го знаете. Доколку дрвото е од некое осојно место, каде сонцето помалку загрева, дрвата помалку ќе горат, за разлика од присојните места, каде сонцето постојано загрева. Секако и дрвниот вид на дабот има разлика кое помалку, кое повеќе загрева и согорува. Најдобро согорува благунот и плоскачот, па горунот, па церот. Кажавме погоре тешко е да се препознае дрвниот вид. Често пати народот е излажан за тоа дека постои црвен даб. Не, нема црвен даб, најчесто за црвен даб продаваат евла. Евлата ако е сува и таа горе само што не држи жар и брзо согорува, а има слаба енергетска моќ. Исто така може да му продадат и липа, клен, врба, дива цреша кои секако дека ќе согоруваат, но важно е со каква енергетска моќ“, додава Сакалиев.

За граѓаните кои купуваат дрва за огрев, а не се стручни, советува добро да внимаваат и да ја проверат испратницата која ќе ја добијат, на чие име гласи, да ја проверат количината на дрвната маса и да не доволат да бидат изманипулирани со тоа што е метар кубен, а што метар просторен.

Оваа година за разлика од претходните, цените на дрвата за огрев скокнаа за 20 отсто.

Од ЈП„Национални шуми“ соопштија дека се зголемил бројот на граѓани кои оваа зима ќе се греат на дрва. Тие годинава планираат да произведат околу 400.000 м3 огревно дрво, што е за 50.000 м3 повеќе од минатата година.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче