Кога ќе се пратат документите со кои Груевски ќе се бара назад во Македонија?
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018
Македонија се уште не ги испратила документите за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски.
Тоа според кажаното денеска од министерката за правда Рената Дескоска ќе се случи најдоцна утре.
-Преведени се сите обвининија и сите истраги кои се водат против Груевски и документите најдоцна до утре ќе ги испратиме до Унгарија- вели Дескоска.
Во Унгарија од утринава се пишуав дека земјата каде владее Виктор Орбан донела одлука по барањето политички азил од страна на Никола Груевски.