Кои држави не пријавиле ниту еден случај на корона?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Декември, 2020
Иако поминаа месеци од појавата на пандемија, во светот постојат земји што не пријавиле ниту еден случај на заразен со коронавирусот.
Станува збор за девет земји што официјално не пријавиле ниту еден случај на коронавирусот. Тука спаѓаат Северна Кореја, Туркменистан, Самоа, Кирибати, Сојузните Држави на Микронезија, Тонга, Палау, Тувалу и Науру, пренесува „Б92“. Најголемата од сите, Северна Кореја (25,7 милиони жители), објави дека има еден сомнителен случај на 26 јули, но подоцна наводно со тест било потврдено дека лицето е негативно. Северна Кореја е првата земја што целосно ги затвори своите граници кога почна пандемијата на 21 јануари. Туркменистан (шест милиони жители), централноазиска земја лоцирана помеѓу Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Иран и Авганистан, границите ги затвори пред еден и пол месец и нема пријавено ниту еден случај на коронавирусот.
Мутација на вирусот се шири во Европа, а трет сој имало во Нигерија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.