КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

Објавено во: Економија 24 Април, 2024 07:26
Малта, Кипар и соседна Бугарија се трите земји членки на Европската унија кои во текот на 2021 година имале најголем уддел во обезбедувањето ИКТ услуги.
Според најновите податоци кои ги објави европскиот статистички центар „Евростат“, овие земји имаат најголем раст на услугите во информатичката технологија.
Спротивно на нив, Грција пак е меѓу земјите кои пак имаат најмало учество, заедно со Италија, што донекаде е разбирливо бидејќи станува збор за земји каде доминираа туристичкиот сектор.
- Во 2021 година, додадената вредност на секторот за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) на ЕУ беше еднаква на 5,5 проценти од бруто додадената вредност на Европската унија. Од нив, 4,7 отсто отпаѓаат на ИКТ услугите и 0,8 проценти од ИКТ производството. Од земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци за збирниот „ИКТ сектор“, земја со најголема бруто додадена вредност за сите области од ИКТ индустријата беше Малта која има раст од 10,3 отсто, додека Грција имаше најниска стапка од само 3,5 проценти – се појаснува во анализата на „Евростат“.
Трите земји членки на унијата кои имаат највисоки коефициенти на раст во обезбедувањето ИКТ услуги се Малта со 9,4 отсто, по што следува Кипар со 8,9 проценти и нашиот сосед, Бугарија со 7,3 проценти.
Од друга страна, дел од источните земји членки на ЕУ, заедно со Малта се земјите кои имаат најголем уддел во бруто додадента вредност преку производство на информатичка технологија. Тоа се Унгарија каде учеството достигнува 1,2 проценти, по што следува малта Малта со 0,8 отсто, Латвија и Словачка и двете по 0,6 проценти.
Кога станува збор за учеството на вработеноста во ИКТ секторот во вкупното вработување, просекот во ЕУ изнесувал 3,2 проценти во 2021 година.
- Помеѓу 2011 и 2021 година, меѓу земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци за 2021 година, само Данска забележа намалување на вработеноста во ИКТ во вкупната вработеност каде има пад од 0,6 процентни поени. Од друга страна Латвија и Естонија забележаа најголеми зголемувања на учеството на ИКТ вработеност во вкупна вработеност од раст од 2,5 процентни поерни и 2,2 процентни поерни – се наведува во анализата на „Евростат“.
Во 2021 година, најголем дел од вработеноста во ИКТ во вкупната вработеност има во Ирска каде опфатени се 6,1 проценти од вработени. Потоа следува Естонија со 5,6 отсто и Шведска со 5,2 проценти.
Во меѓувреме, најниски стапки на опфат на работници во ИКТ секторот од вкупно вработени има во Грција каде овој процент достигнува 1,7 отсто, по што следуваат Полска и Португалија и двете по 3 проценти опфат, посочува Евростат.
Можеби ќе ве интересира
Правда за Скопски пазар АД Скопје! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија
