18 Декември, 2025
0.0678

Кои се газдите кои на својата скопска фирма ќе и покријат загуба од 132 милиони евра?

Објавено во: Финансии 19 Април, 2023 08:12

Добивај вести на Viber

Основната главнина на „Либерти“ (поранешна Ладна валавница од скопскиот железарски комплекс) ќе се намали за 132 милиони евра пари со кои ќе се покрие акумулираната загуба

„Либерти“ (поранешна Ладна валавница) една од двете најголеми челичарски компании одлучи данаправи преседан во досегашната македонска корпоративна историја! На претстојното собрание на компанијата акционерите ќе гласаат за покривање на загуба вредна 132 милиони евра!

Компанијата објави дека на претстојното акционерско собрание на дневен ред ќе биде ставена на гласање одлука со која основната главнина на оваа голема македонска компанија ќе ја намалат основната главнина на друштвото за сметка на покривање на акумулирана загуба направена низ годините наназад во вкупен износ од 132,1 милиони евра односно повеќе од 8 милијарди денари.

Доколку акционерите ја изгласаат оваа одлука тогаш акционерскиот капитал на друштвото ќе изнесува 32,6 милиони евра односно ќе биде намален за 132,1 милиони евра.

Тоа во автоматизам ќе повлече и намалување на номиналната вредност на секоја обична акција на челиларскиот гигант. По усвојување на одлуката секоја акција номинално ќе вреди 1,1 евро.

Акционерското собрание на ова друштво ќе се одржи на 16 мај годинава.

Билансот на состојба на 2022 година покажува дека овој гигант има акумулирана загуба од 167,2 милиони евра.

Билансот покажува дека и минатата година беше тешка за оваа голема компанија. Годината ја завршија со загуба од 15 милиони евра, а лани остварија вкупни приходи од 144 милиони евра.

 „Либерти“ е компанија која македонската инвеститорска јавност ја памети по одлучната добивка во време на короната. Поточно во 2020 година компанија оствари профит поголем од 31 милиони евра. Следната 2021 година друштвото исто така ја заврши во добивка која изнесуваше над 15,5 милиони евра.

Минатата година сепак не беше добра. Со падот на приходите дојде и загубата од 15 милиони евра.

Акцијата на „Либерти“ се тргува на Македонската берза и не е меѓу најликвидните хартии од вредност. Последната цена на таа акција изнесуваше 35 денари и беше псотигната на крајот на март.

Либерти Скопје е дел од железарскиот холдинг „Либерти“ со седиште во Велика Британија. Повеќе детали има на следниот линк https://libertysteelgroup.com/


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра