15 Јануари, 2025
0.0308

Кои се македонските компании што изминативе неколку години инвестирале во странство 15,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

1.       Во 2001 година „Ренова“ од Џепчиште, инвестира 2,3 милиони евра во нова фабрика за суви малтери во Гуреза - Косово, со капацитет од 40.000 тони годишно. Во 2002 година за 1,2 милиони евра го купува најголемиот рудник за бел вар во Качаник, со годишно производство од околу 16.000 тони. Во 2008 година вложува околу 5 милиони евра во изградба на фабрика за рено-фикс малтери во Тирана, Албанија, со капацитет од 60.000 тони годишно. 2.       „Алкалоид“ - Скопје, во изминатиот петгодишен период отвори претставништва, подружници во 14 земји, отвори и производствен капацитет во Србија, кој се простира  на површина од 916 м2, во вредност на оваа инвестиција од околу 750.000 евра. 3.       „Адинг“ - Скопје изгради и пушти во употреба два производствени капацитета во странство:  производствен погон во Перник, Бугарија, на површина од 1800 м², во вредност од 400.000 евра и Фабрика за производство на адитиви за бетон и прашкасти и пастозни производи во индустриската зона на Техеран, во вредност од 1,5 милиони  евра, со капацитет на производствениот погон од 80.000 тони  годишно. 4.       Во 2005 година „БРАКО“ од Велес технички и технолошки го помогна  отворањето на производствени капацитети на пристаништето на реката Дунав во Панчево, Србија. Во 2011 година компанијата „Brako Wireproducts“ станува целосна сопственост на „БРАКО“ – Велес, со инвестиција од 400.000 евра, месечен капацитет на производство од 1200 тони на разни производи од жица, кои се пласираат на пазарите во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Црна Гора, со визија за проширување во Австрија, Унгарија и Романија.  5.       Фирмата „Дасто Бетел“ во Белград, формирана од „ДАСТО“ од Скопје. Фирмата произведува, продава и врши монтажа и сервис на телевизиска, радио и телекомуникациска опрема. Признанието ќе и биде врачено на госпоѓата Весна Апостолова. 6.       Во 2008 година „Промес“ од Скопје отвора свој  дистрибутивен центар во Албанија. Дел од сувомеснатите производи на оваа компанија во Македонија на овој начин се пласираат и на пазарот во Албанија. Вредност на инвестицијата е 100 илјади евра. 7.       Компанијата „Урбан Инвест“  - Кавадарци, производител на павер-елементи и мозаик-плочки во Македонија работи и на Балканот. Во Перник, Бугарија, инвестира во фабрика за производство на бекатон и мозаик-плочки од 200.000 м2. Заедно со бугарскиот партнер имаат удели од по 50%, пресликувајќи го know-how искуството од Македонија. 8.       „Брилијант“ во 2009 година отвори фабрика за откуп и преработка на сончоглед и негова преработка до фаза на сурово масло, во Перник, Бугарија, кое потоа се преработува во фабриката во Штип. Вредноста на инвестицијата е 6 милиони евра, со капацитет за преработка на 250 тони семе на ден. Во следната 2010 година дополнително се инвестирани уште 1 милион евра за осовременување на технолошкиот процес, а во периодот 2011-2012 година  изградена е најголемата и технолошки најсовремената база на сурово масло на Балканот, со капацитет од 100.000 метри кубни.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања