Кои се најдобрите даночни засолништа во светот за личен доход?
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2016 13:06
Кои се најдобрите даночни засолништа во светот за луѓето со високи лични примања? На ова прашање се обидува да одговори „howmuch.net“, анализирајчи ги даночните стапки за доход заедно со бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во различни земји и ги собира податоците во една графика.
Земјните кои изгледаат поголеми, се и оние со најниски даночни стапки по доход. Во исто време колку со потемна боја е земјата, толку повисок е БДП по глава на жител.
Според анализата Бермуда ја има најсилната комбинација на ниска даночна стапка - 0%, и БДП по глава на жител во светот - 91 479 долари. Бермуда е и една од најбогатите земји во светот, но животниот стандард исто така е еден од највисоките. Владата, сепак, го оданочува населението со други типови даноци. Работодавачите плаќаат 14% данок на платите, а од вработените може да биде побарана рата на овој данок. Работниците треба да плаќаат неделна рата кон даден вид социјално осигурување. Царините се исто така исклучително високи и можат да бидат меѓу 22,5% и 35%.
Катар е на второ место на листата со даночна стапка исто од 0% и БДП по глава на жител од 60 796 долари. Земјата ги поседува најголемите резерви на природен гас во светот. Иако во земјата нема данок на доход, нафтените и гасните бизниси се оданочуваат со 35 проценти данок. Компании во сопственост на странци и надвор од нафтениот и гасниот сектор, плаќаат со рамен данок од 10%. Владата може да генерира значителни приходи од данок, што овозможува да се избегнат други видови даноци.
Кајманските Острови се на третото место кое се оданочува со даночна стапка на приход од 0% и со БДП по глава на жител од 54 827 долари. Островите станаа основен офшор финансиски центар поради нискиот данок на доход, данок на добивка и ДДВ. Во земјата нема задолжителни социјални придонеси.
Како што се гледа од мапата, постојат неколку земји во Блискиот Исток со ниски даночни стапки и релативно висок БДП по глава на жител. Овие земји често имаат значителни нафтени ресурси кои се оданочуваат од владата. Слично на Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија исто така имаат даночна стапка од 0% на доход, а БДП по глава на жител е соодветно 30 147 долари, 18 128 долари и 17 820 долари.
Надвор од Блискиот Исток Хонгконг е со даночна стапка од 16,5% на доход и БДП по глава на жител од 34 222 долари. Во Русија данокот на доход е 0%, но БДП по глава на жител е доста помал - 6844 долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката






