Кои се новите амбасадори?
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019
Кои се новите амбасадори, Владата не открива, со образложение дека кадровските решенија биле на затворена седница. Листата со имињата е испратена во Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски.
Според информации од дипломатски извори, амбасадори ќе бидат Рами Реџепи во Рим, Васко Грков во Белград, Сашко Тодоровски во Стразбур.
Мишо Докмановиќ треба да седне во амбасадорското столче во Тел Авив, Шпреса Јусуфи за Приштина, Данчо Марковски во Тирана, Милаим Фетаи во Загреб, Шабан Јашари за Катар. За Женева во игра биле Теута Демјаха или Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи. Во Копенхаген треба да оди Фатон Бејта, а за Хаг ќе замине Бети Јанчева од МНР.
За Дане Талески веќе и владини извори потврдија дека ќе биде избран за амбасадор на земјава во НАТО. Талески, досегашен советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, наедно е и Национален координатор за НАТО.
Листата ќе биде доставена до Претседателот на државата Стево Пендаровски.
( Н.Н.Ф.)* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.