Кои се шесте најдобри бизнис индустрии за кои не сте знаеле?
Објавено во: Финансии 08 Април, 2016 09:37
Стручњаците велат дека овие шест бизниси имаат најголем потенцијал за раст во Америка и во светот.
Истражувањето го направи IBISWorld, а го пренесува Inc.com.
Алкохолни пива со вкус на јаболко
Благото пиво со вкус на јаболко побуди голем интерес во Америка и за него има голема побарувачка. Овој бизнис има една маана, немаат доволно јаболка со шеќер како алкохолот би ферментирал. Јаболката кои ги имаат во супер маркетите се невкусни и немаат доволно шеќер. Се очекува овој бизнис годинава да има раст од 27%.
Правење паметни броила
Модернизацијата на електричната мрежа бара паметни броила, кои ќе покажуваат колку е потрошувачката во одреден период и како да се регулира потрошувачката во критичниот период. Овој бизнис очекува раст од 11.3% годинава.
Здравствено осигурување за домашни миленичиња
Овој бизнис моментално чини 800 милиони долари и секоја година расте за 14%. Се нуди медицински третман, хемотерапија за миленици, трансплантација на органи и слично.
Медицински лепила
Благодарение на оваа индустрија сега може да се смали рана или да се затвори убод. Употребата на овие лепила во хирургијата, нивната едноставна употреба им носи раст од 11% годишно.
Онлајн продажба на уметнички дела
Врвната уметност доцна стигна во онлајн светот, но се прогнозира дека во оваа област работата ќе порасне за 9% во наредните 5 години. Сликите, графиките, цртежите имаат дел од пазарот и се бараат во странство.
Конструкција на огради
Реновирањето на домови, градењето е поврзано и со оваа гранка. Во периодот од 2009 и 2010 година многумина се откажаа од оваа работа, која повторно станува популарна и за неа се очекува раст од 5%.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





