Кои се трговски најголеми партнери на Македонија, најголемиот плати 2,4 милијарди евра?
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2022
Германија и годинава останува нашиот најголем и најважен трговски партнер. А што е најважно во размената со оваа земја имаме и трговски суфицит. Раст на извозот бележиме во трговијата со Белгија, Грција, Турција и Италија. Најмногу простор за поправање на нашата положба во трговијата имаме со Кина. Кај увозот вреди да се истакне тоа што за горива во осум месеци плативме над една милијарда евра. Најголем увозник е Велика Британија и тоа е поврзано со репроматеријалите за „Џонсон Мети“, покажуваат податоците од последниот квартален извештај на ДЗС
Германија останува главен трговски покровител и бизнис парнер на македонската економија. Вкупната трговска размена меѓу двете земји, според официјалните податоци за Државниот завод за статистика (ДЗС), за првите девет месеци надмина 3 милијарди евра. Тоа е за 7 отсто повеќе од истиот период лани.
Во Германија за овие осум месеци сме извезле стоки и услуги вредни 2,4 милијарди евра и тоа е за 8 отсто повеќе пари од истиот период лани. Германскиот пазар останува најважен извозен конзуматор на македонски суровини, полупроизводи и стоки за финална потрошувачка. За да бидат појасни работите само ќе наведеме дека Германија сама конзумира 44 отсто од целиот македонски извоз.
Меѓу најважните извозни производи секако се катализаторите кои во земјава се произведуваат за потребите на германската автомобилска индустрија. Од домашните производи вреди да се наведе извозот на, пред се, наливно вино од Македонија за германскиот пазар како и широк асортиман на трикотажа и облека.
И покрај влошените политички односи Бугарија е втор по големина пазар на кој одат стоки и услуги произведени во Македонија. Извозот за девет месеци изнесува 288,5 милиони евра зголемен е за 36,5 отсто, а во вкупниот извоз учествува со 5 отсто. Според неофицијални податоци голема е веројатноста дека најголем девизен прилив од македонски извозен производ во Бугарија има од оловно-цинковиот концентрат од рудниците на „Саса“ кој се транспортира за преработка во металуршкиот комплекс кај Пловдив, Бугарија.
Соседно Косово традиоционално е трет по големина извозен партнер на Македонија. За девет месеци извозот достигна 254 милиони евра што е за 36 отсто повеќе од претходната година. Тоа е речиси 5 отсто од целиот македонски извоз.
Тука, очекувано, е и Србија. Извозот во таа соседна земја е зголемен за 31 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 225 милиони евра или 4,2 отсто од целиот извоз.
Петти најголем извоз, според остварениот девизен прилив, Македонија за овие деве месеци направила во Италија. Нивото на извоз во однос на истиот период лани порасна за 66 отсто, достигна 210 милиони евра.
Од кои држави најмногу увезуваме?
На страната на увозот како и досега на прво место е Велика Британија и тоа во најголема мерка е импорт на ресурси за производство на катализатори во скопската фабрика на „Џонсон Мети“.
Втор најголем увозник е Грција со 907 милиони евра, а од нив најзначен дел е увоз на нафтени деривати. Вредноста на увозот е удвоена во споредба со истиот период лани.
Трет по големина увозник, многу логично, е светската економска супер сила Кина. Од таму сме увезле стоки и услуги во вредност која надминува 600 милиони евра.
Србија исто така е голем увозник, а Македонија за осум месеци купила стоки и услуги во вредност од 509 милиони евра. Половина милијарда евра е и увозот од Турција за периодот јануари – август.
Бугарија е високо на листата на увозници со 422 милиони евра од кои значаен дел е увоз на струја. Повеќе детали на http://www.stat.gov.mk
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.