26 Јуни, 2024
0.0280

Кои ВИ функции на S24 Ultra можете да ги имате и вие на вашиот Galaxy телефон?

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Премиум моделот на Samsung телефонот Galaxy S24 Ultraго претставува најдоброто од овој производител, што за многу корисници го означува неприкосновениот врв на телефони и синоним за совршена комбинација на стил, моќ и перформанси кои најмногу се истакнаа со Galaxy AI вештачката интелигенција. Но, Samsung не го ограничува уживањето во ВИ перформансисте само на корисниците на Galaxy S24 серијата, туку со најновото ажурирање на One UI 6.1, тие се достапни и на други модели на Galaxy телефони. Но, кои се нови функции напојувани од вештачка интелигенција ви се на располагање кај маестралниот Galaxy S24 Ultra и на кои други Galaxy телефони можете да ги симнете?

Со Galaxy S24 Ultra  корисниците доживуваат сосема нова димензија на креативност, продуктивност и можности, а тоа е најмногу затоа што овој телефон има вештачка интелигенција која им помага многу подобро да го осознаат светот околу себе. Првата фантастична ВИ функција, која можеби и беше најистакнувана од оние кои го користат овој уред, е Пребарување со заокружување (Circle to Search), која највероратно даде нов правец во развивање на технологиите за идните перформанси кај телефоните воопшто. Со помош на ВИ оваа функција овозможува додека сурфате на нет или пак едноставно склорате  низ омилената социјална мрежа, да можете да заокружите елемент од приказот на екранот  со S Pen пенкалото или со прстот, и на тој начин веднаш да добиете генерирани резултати од Google за дел од секунда. Овој новитет претставува пионерски чекор во интуитивното пребарување, отворајќи ја вратата за нови димензии на истражување и поврзување со дигиталниот свет.

Понатаму, пишаната комуникација со Galaxy S24 Ultra доаѓа сега е со унапредени функции. Можете и да составите и текстуална порака користејќи ја функцијата со вештачка интелигенција Помош за разговор (Chat Assist), која ќе се погрижи вашиот став да го изрази на професионален, пријателски или официјален тон. Сепак, без разлика дали пишувате покомплексна содржина или само запишувате нешто кратко, функцијата Помош за белешки (Note Assist) ќе ве спаси од многу проблеми бидејќи можете само да започнете да пишувате, а подоцна да форматирате сè во концизен, прегледан текст. Слично на тоа, кога пребарувате стари белешки, новите насловни страници се прикажуваат како брз преглед - така што екранот изгледа организирано и лесно можете да го пронајдете она што го барате. А тука е и  Помош за транскрипција (Transcript Assist) која вашите говорни белешки ќе ги конвертира во текст и ќе ги сумира. Сите алатки ја прават секојдневната работа поефикасна која одзема помалку време.

Со најмногу мегапиксели во еден смартфон и обработка со вештачка интелигенција, Galaxy S24 Ultra поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правите.Системот Quad Tele на Galaxy S24 Ultra, кој освен револуционерниот оптички зум од 5x, вклучува и подобрен дигитален зум до 100x, ги доближува далечните објекти со неверојатна јасност, овозможувајќи одлични фотографии дури и од далечина.Дополнително, новата ProVisual технологија препознава предмети и ги подобрува боите, го намалува шумот и го истакнува секој детал, па сите ќе ви позавидат на фотографиите кои изгледаат како да се направени од професионалец.Galaxy S24 Ultra се издвојува со својата основна функција Nightography, која ја револуционизира фотографијата при слаба осветленост. Со поголеми пиксели од 1,4 μm и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS), оваа функција обезбедува неверојатно јасни снимки во услови на слаба осветленост.

Со ажурирање на најновиот оперативен систем One UI 6.1овие ВИ функции се достапни и за корисните на одредени Samsung Galaxy  телефоните од претходните серии како S23, последната серија на телефони на преклоп Flip5 и Fold5, таблетите од Galaxy Tab S9 серијата и др.

За да секој може да се увери во функционалноста на перформансите која е водена од вештачката интелигенција, тука е апликацијата Try Galaxy.Без разлика на кој бренд и производител припаѓа телефонот кој го користите, со помош на оваа апликација ќе можете да ги испробате Galaxy AI функциите и да го  почувствувате Galaxy искуството за кое сите зборуваат, пред да се одлучите за вашиот следен модел на телефон.

Повеќе информации за моделот Galaxy S24 Ultra прочитајте на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

пр објава

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Во организација на dm дрогерие маркт во Скопје и Охрид се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи: На пет различни настани беа прегледани речиси 550 лица

Во организација на dm дрогерие маркт во Скопје и Охрид се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи: На пет различни настани беа прегледани речиси 550 лица

ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници