Кои ви се пријатели, а кои непријатели: Нека ви покаже оваа апликација!
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2015 20:45
Апликациите денеска ни помагаат да имаме под контрола се што ни се случува во животот - од тоа колку сме активни, колку спиеме, па се до следење на отчукувањата на срцето.
Меѓутоа, новата апликација наречена „Пиплкипер“ ("people keeper") го следи нашиот социјален живот и на крајот ни открива како всушност се чуствуваме кога комуницираме со одредени луѓе во својата околина. Ја развиле Лорен Мекарти и Кајл Мекдоналдс со цел корисникот да дознае кога некој однос е под влијание на стрес, а кога тој однос е задоволувачки.
Мерејќи ги биометричките податоци апликацијата може да ви открие и некои необични сознанија, на пример со кој колега подобро соработувате или со кој пријател подобро се разбирате.
„Пиплкипер“ работи со било кој уред за следење на физички активности кои поддржуваат Блутут во верзијата 4.0 како да речеме со „Polar H7“ или „Zephyr HxM“. Податоците ги синхронизира со апликацијата и бележи податоци, односно чуствува секој пат кога сме во интеракција со некој.
Според базата на податоци кои ги собира и според одговорите на корисниците кои ги дава во текот на користењето, бара правилности во врските кои ги остваруваме и проценува кои луѓе на нас влијаат позитивно а кои негативно.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




