Кои здравствени установи бележат најдобри постигнувања во 2013?
Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2015 15:34
Резултатите од имплементацијата на системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на јавните здравствени установи (Balanced Score Card), кој почна да се применува во 2013 година, како една од најсовремените стратешки алатки за следење на работата на јавните здравствени установи во Република Македонија покажуваат дека клиниките на гастроентерохепатологија, уво, нос и грло, торакална и васкуларна хирургија, за хируршки болести „Св.Наум Охридски”, за психијатрија, како и Клиничката болница во Штип и општите болници во Гевгелија, Струга, Велес и Кочани, се јавни здравствени установи кои што бележат најдобри постигнувања во 2013 година.
Министерот Тодоров посочува дека Клиниката за гастроентерохепатологија ги постигнала сите предвидени таргети по индикаторите, односно работи без долгови, не го надминува буџетот за лекови и медицински потрошен материјал, поттикнува воведување на нови интервенции и научна работа, и согласно спроведените анкети пациентите се задоволни од здравствените услуги, а Клиничката болница во Штип има најголеми достигнувања од областа на финансиите
Според министерот меѓу болниците со најдобри постигнувања за 2013 недостига Градската општа болница „8 Септември“, бидејќи таа јавна здравствена установа оваа година има зголемен обем на услуги, а тоа значително влијае на финансиската состојба, за што ќе биде направена евалуација во наредниот период.
– Кај здравствените домови во топ 5 се издвоија ЗД во Валандово (со исполнети сите таргети од областа на клинички фокус, пациенти и развој и обука), во Скопје, Берово, Делчево и Пехчево. Меѓу специјалните болници, најдобри постигнувања има Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново, потоа Заводот за физикална медицина и рехабилитација со целосно исполнети таргети по индикаторите во областите на пациенти и клинички фокус, како и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој и покрај зголемениот број на пациенти, бележи намалување на долговите, рече Тодоров.
Нагласи дека станува збор базични резултати кои треба да претставуваат поттик за натамошно подобрување на постигнувањата на јавните здравствени установи, односно целокупно унапредување на здравствениот систем во државата.
Тодоров за 2015 најави нова методологија со утврдени национални индикатори, како и индивидуални индикатори на успешност за секоја јавна здравствена установа, а предвидуваме поголем број индикатори во сите области.
Значајна новина, укажа, е што доколку долговите на јавната здравствена установа не се намалуваат, а тоа се должи на зголемениот обем на работа, тогаш тоа нема да се одрази на постигнувањата на таа установа.
Тодоров напомена дека со последните измени на Законот за здравствена заштита, системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на ЈЗУ, е ставен во законска рамка, односно станува законска обврска според која ќе се евалуира менаџментот на јавните здравствени установи. Согласно измените, директорите на ЈЗУ се должни да организираат и обезбедат тековно прибирање и обработување на податоци потребни за мерење на клучните индикатори на успешност, како и внес на податоците во интегрираниот здравствен информатички систем најдоцна до петти секој месец за претходниот месец.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




