22 Ноември, 2024
0.0332

КОИ ЗЕМЈИ СЕ НАЈСКАПИ ВО ЕУ, големи разлики во цените меѓу земјите

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Во 2021 година, нивоата на цени за стоки и услуги за широка потрошувачка бележат големи разлики меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ), објави „Евростат“.

Нивната анлиза покажува дека Данска и Ирска имаат највисоки нивоа на цени во Европа. Двете земји бележат дури 40 отсто повисоки цени од просекот во ЕУ, па кај нив процентот достигнува 140 и е највисок во ЕУ. По овие земји следуваат Луксембург со 132 отсто, па Шведска со 128 проценти и Финска (126 отсто). Најниски нивоа на цени се забележани во Полска (60 проценти) и во Романија и Бугарија (и двете од 56 отсто).

- Најголеми разлики има во цените на рестораните и хотелите, како и кај алкохолните пијалоци и тутунот. Во 2021 година, нивото на цените за рестораните и хотелите беше речиси 3,4 пати повисоко во најскапата земја отколку во најевтината. Нивоата на цените се движеа од 46 проценти од просекот на ЕУ во Бугарија, 54 отсто во Романија и 62 проценти во Унгарија, до 155 отсто од просекот во Данска, 137 проценти во Шведска и 133 отсто во Финска - се наведува во извештајот на „Евростат“.

Алкохолот и тутунот се рангирани на второ место во однос на разликата во нивото на цените, со најниски нивоа на цени регистрирани во Бугарија (64 отсто од просекот на ЕУ), Полска (72 проценти) и Унгарија (79 отсто). Убедливо највисоки цени има во Ирска (205 проценти), по што следува Финска  (173 отсто), Шведска (136 проценти) и Данска и Франција (и двете по 134 отсто). Оваа голема варијација на цените главно се должи на разликите во оданочувањето на овие производи.

Храната и безалкохолните пијалоци најевтини во Романија (69 отсто од просекот на ЕУ) и Полска (72 проценти), додека најскапи во Луксембург (125 отсто од просекот), Данска (120 проценти) и Ирска (119 отсто).

Облеката е група на производи каде цените се разликуваат помалку меѓу земјите-членки. Облеката е најевтина во Бугарија, а најскапа во Данска. Личната транспортна опрема, исто така, забележа помала разлика во цените меѓу земјите-членки, при што Полска е најевтина, а Данска најскапа. Разликите во цените беа ограничени и за потрошувачката на електроника, најевтина во Полска, најскапа во Холандија.

Фото: EPA/ ANDY RAIN

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат