Добивај вести на Viber
Од 2014 година пазарот на труд на Европската унија веќе е отворен за сите граѓани на заедницата без ограничувања. Оваа ситуација сепак се покажа крајно неприфатлива за некои земји во заедницата.
Можноста Бугари и Романци да станат дел од работниот пазар им пречи главно на општеството и политичарите во Велика Британија и Германија. Во исто време, сепак податоците на Европската комисија покажуваат дека нема нагло зголемување на бројот на бугарските и романските работници во овие две земји.
Главно имигрантите од овие две земји се фокусираат на Италија ( 37%) и Шпанија ( 30% ) , истакна во својот говор на Универзитетот во Бристол , европскиот комесар за пазарот на труд Ласло Андор . Германија ја избираат 12% од работните мигрнати од овие две земји, а Британија - едвај 5 отсто .
Нешто повеќе - официјалните податоци на британската статистика покажуваат дека новодојденците Бугари и Романци во периодот 2012/2013 година се намалуваат со по 21 % во однос на периодот 2011/2012 година . "За жал, ова не спаѓа во насловите на вестите овде (Велика Британија)" , вели уште Андор .
Комесарот посочува и уште една статистика, која, исто така, не спаѓа во британските весници. Нивото на вработеноста на странците кои доаѓаат од друга земја на ЕУ во Велика Британија е 77%. Специјално за Романците и Бугарите овој процент е малку низок - речиси 75%. Тоа е аргумент кој покажува дека повеќето луѓе не доаѓаат на Островот, за да ги искористат предностите на великодушен општествен систем.
За целата ЕУ статистиката е слична - 78,2% од имигрантите работат, спрема вработеност од 65,7% за работоспособното население на земјата.
Од друга страна, сепак може да се појават и стравувањата дека странците ги заземаат местата на кои инаку би работеле Британци. Тука податоците на мрежата EURES пак покажуваат дека во Велика Британија има близу 1,2 милиони слободни работни места.
Слободното движење на работна сила ќе направи многу повеќе разноврсност на европскиот пазар на трудот , посочува уште Андор во својот говор . Објаснувањето е едноставно - работните мигранти имаат тенденција да го менуваат местото на живеење и при влошување на ситуацијата во земјата домаќин да се вратат во својата татковина.
Прашањето сепак не е дефинитивно - за земјата домаќин тоа значи прием на подготвени специјалисти, без да се инвестира во нивната подготовка. За државите испраќачи, сепак, проблемот е многу сериозен , бидејќи ги губат младите луѓе и добро подготвените експерти. Во исто време младите пак можат да се здобијат со искуство и нови вештини, работејќи во други држави и потоа враќајќи се дома .
Всушност податоците на ЕК во оваа фаза не покажуваат значителен негативен ефект од "одливот на мозоци" во Европа. Многу сериозни проблеми сепак се среќаваат во одделни сектори како што се здравството, како и во земјоделството.
Имигрантите праќаат и суми на роднините кои останале во нивната родна земја, што исто така ги ограничува негативните ефекти. За Бугарија сумите се околу 4,1% од бруто домашниот производ (БДП) и тоа може да се користи за поддршка на економскиот раст - инвестиции во образованието или почеток на сопствен бизнис.
Зa споредба, сумите пак кои се слеваат од странство на приватни сметки во Македонија изнесуваат 4 проценти од БДП, колку што практично изнесуваат приливите од странските директни инвестиции.
К.К.