27 Декември, 2024
0.0307

КОЈ Е НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК: Македонија и покрај амбициите заврши на неславна листа најзагадени земји

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

И покрај бавното подобрување, загадувањето на воздухот продолжува да ги надминува границите и насоките на Европската унија и Светската здравствена организација, покажуваат ажурирани податоци и информации објавени од Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Загадувањето на воздухот сеуште претставува закана за човековото здравје и за животната средина и е високо ширум Европа.

-Загадувањето на воздухот е невидлив убиец и ние треба да ги интензивираме нашите напори за решавање на причините. Во однос на загадувањето на воздухот, емисиите во патниот транспорт честопати се поштетни од оние од други извори, бидејќи тие се случуваат на ниво на земјата и имаат тенденција да се појават во градовите, блиску до луѓето. Затоа е толку важно што Европа ги унапредува своите напори за намалување на емисиите предизвикани од транспортот, енергијата и земјоделството и да инвестира за да ги направи почисти и поодржливи-, предупредува агенцијата.

Патниот транспорт е еден од главните извори на загадување на воздухот во Европа, особено штетните загадувачи како азотен диоксид и честички, според извештајот на ЕЕА за квалитет на воздух во Европа - 2018 година. Емисиите од земјоделството, производството на енергија, индустријата и домаќинствата, исто така, придонесуваат за загадувањето на воздухот. Во извештајот се претставени најновите официјални податоци за квалитетот на воздухот пријавени од повеќе од 2 500 мониторинг станици ширум Европа во 2016 година.

Минатите и сегашните политики и технолошки достигнувања доведоа до бавен, но стабилен напредок во намалувањето на овие негативни влијанија, се наведува во извештајот на ЕЕА. Ажурираните проценки во извештајот покажуваат дека концентрациите на PM2.5 се одговорни за околу 422 000 предвремени смртни случаи во 41 европски земји во 2015 година, од кои околу 391 000 беа во 28 земји-членки на ЕУ. Пошироката проценка вклучена во извештајот оваа година, гледајќи во 1990 година, покажува дека предвремените смртни случаи поради PM2.5 се намалени за околу половина милион прерани смртни случаи годишно. Ова се должи на спроведувањето на европските политики за квалитет на воздухот и воведувањето на мерки на национално и локално ниво кои доведоа до, на пример, еколошки автомобили, индустрија и производство на енергија.

Комесарот на ЕУ за животна средина, поморство и рибарство Кармену Вела го поздрави овој извештај од Европската агенција за животна средина. -Тоа ни покажува дека воздушната политика функционира, но исто така нè потсетува дека треба да направиме уште повеќе напориз за да постигнеме почист воздух низ Европа, за сите граѓани. Европската комисија одлучно делуваше на загадувањето на воздухот и ќе продолжи да работи со земјите-членки за да се осигура дека правилата за квалитет на воздухот целосно се применуваат на терен“ - вели Вела.

За PM2.5 (честички со дијаметар од 2,5 микрометри или помалку), процентот на урбаното население на ЕУ-28 изложено на PM2.5 изнесуваше 6% во 2016 година, што претставува намалување од 7% споредбено со претходната година. Но, приближно 74% од урбаната популација на ЕУ била изложена на концентрации кои ги надминале построгите упатства на СЗО. Изложеноста на PM2.5 предизвикала прерана смрт на околу 422 000 луѓе во 41 земја во 2015 година.

Годишната гранична вредност за NO2 и понатаму е широко распространета низ цела Европа. Во 2016 година, 7% од урбаното население на ЕУ-28 живееле во области со концентрации над годишната гранична вредност на ЕУ и упатствата на СЗО. Ова е намалено од 9% во 2015 година. Изложеноста на NO2 предизвикала прерана смрт од околу 79 000 луѓе во 41 европски земји во 2015 година.

Повикувајќи се на овој извештај, еуроњуз ја смести Македонија на листата најзагадени европски земји.

Како главни причини кои предизвикуваат опасно згоелмување на аерозагадувањето се густиот сооббраќај и печките на дрва.

Еуроњуз ја потенцира и целта на Владата која има амбиции за 50 отсто да го подобри квалитетот на воздухот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор