05 Декември, 2025
0.3626

Кој е решен да не бара за кредит од банка и е храбар да финансира бизнис со јавна понуда на акции?

Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2025 08:47

Добивај вести на Viber

„Свод Мастер“ е домашна компанија која управува со дигиталната телевизиска платформа „Глеј“ која во својата понуда има 2.600 часови филмска и сериска програма и е присутен во 80.000 домови. За да го развијат бизнисот менаџерите и сопственици на „Глеј“ тргнаа во храбра мисија. Одлучија да се трансформираат во акционерско друштво и наскоро ќе дадат иницијална јавна понуда за продажба на нова емисија акции на сите потенцијални акционери. Парите од продадените акции планираат да ги вложат во оригинална продукција и во набавка на детска програма. Оваа одлука е вредна за почит затоа што кај нас ретко кој се одлучува да не бара кредит од банка туку да издаде акции и од тоа да прибере свеж капитал за развој и инвестиции. Воедно овој потег е добар и ако стане тренд може да го  зголеми материјалот за тргување на нашата берза за хартии од вредност 

Ретко се случува во Македонија некој да се одважи и да не оди во банка да бара кредит за планирана инвестиција туку да го понуди проектот на македонската инвеститорска јавност. Ретко се случува некој да се одважи и да го подели идниот профит со инвеститори кои не ги знае ниту ги познава. Бизнис идејата сега ќе биде предмет на евалуација и валоризација на пазарот затоа што ќе ја утврди цената на акција преку очекувањата на инвеститорите од таа акција.

„Свод Мастер“ е домашна дигитална компанија која реши да го сврти вниманиетот на инвеститорската јавност. Оваа компанија дава јавна понуда за продажба на акции од која ќе прибере капитал за да ја финансира планираната инвестиција.  „Свод Мастер“ преку берза официјално најави дека ќе даде јавна понуда за продажба на новоиздадени акции и со тие пари планира да го развива сервисот односно дигиталната медиа платформа „Глеј“ која до сега има 80.000 претплатници.

Како што е наведено во дописот во кој „Свод Мастер“ ги декларира своите намери станува збор за инвестиција во проекти со оригинална продукција како и за набавка на детска и друга странска програма.

Во нивното официјално соопштение, во кое се објаснува нивниот бизнис модел за дигитална платформа која емитува телевизиски содржини, пишува дека „Глеј“ од своето започнување со работа пред четири години. Досега успеале да ја обединат на нивната платформа речиси целата македонска филмска и сериска понуда. Воедно пишува и дека емитува синхронизирани содржини за деца.

Во својата понуда платформата „Глеј“ има 2.600 часови програма која ја нуди на 80.000 претплатници. „Глеј“ соработува со двата телекомуникациски оператори во земјава, а исто така сервисот го нуди и преку кабелски оператори.

Од аспект на растот на клиентите, параметар што е важен за инвеститорите кои ќе размислуваат дали да ја купат таа акција во иницијалната јавна понуда, „Свод Мастер“ декларира дека во 2023 година во споредба со 2022 година го зголемил бројот на претплатници за 30 отсто.

Финансиските податоци за „Свод Мастер“ покажуваат дека компанијата во 2023 година остварила приход од 548.000 евра што е за 95 отсто повеќе од претходната година односно од 2022 година. Расходите на друштвото во истиот период пораснале за само 6 отсто и изнесувале 691.000 евра. Како што покажуваат податоците и покрај интензивниот раст друштвото 2023 година ја завршило со загуба од 148.000 евра што е 60 отсто помалку од загубата во претходната година. Свод Мастер е компанија основана како ДОО во 2021 година, а лани е трансфорирана во акционерско друштво. Основна дејност и е дистрибуција на филмска, видео и телевизиска програма. Капиталот на друштвото изнесува 900.000 евра.

Н.С.

Фото: Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката