Кој европски град ќе го преземе Банкарското регулативно тело од Лондон?
Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2016
Повеќе европски градови се во трка за преземање на Европскиот банкарски авторитет кој се уште има седиште во Лондон, но по Брегзит, Европската унија ќе мора да донесе одлука за негово преселување. Ова значајно европско банкарско регулаторно тело има големи шанси да се пресели не така далеку во Даблин, во најблиската земја која е членка на ЕУ, а тоа е Република Ирска.
Мајкл Нунан, министерот за финансии, посочи дека Република Ирска има многу развиен финансиски сектор, одлична поврзаност со европските земји, припаѓа на англиското говорно подрачје и има соодветен капацитет да стане нов домаќин на ЕБА. Одлуката, сепак ќе биде донесена во Брисел по реализирање на „Брегзит“.