КОЈ ГИ КУПИ СРПСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ ОД РЕЧИСИ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - еве од каде потекнуваат фондовите и другите финансиски играчи
Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2023 08:51
Србија вчера издаде еврообврзници во долари со рок на доспевање од пет и 10 години, при што се собрани 1,75 милијарди долари, со најголем интерес на инвеститорите за српските обврзници во историјата. Како што дознава „Блиц бизнис“, за купување биле заинтересирани повеќе од 500 големи, светски инвеститори, а на крајот победници биле претежно сериозни финансиски играчи од Америка.
- Интерес за нашите обврзници покажаа различни инвестициски фондови кои според својот профил инвестираат на пазари во развој, пред се американски инвестициски фондови. Меѓу нив беа пензиските фондови, хеџ фондовите... потоа финансиските институции, односно банките - вели извор за Блиц.
Вкупната побарувачка на инвеститорите изнесуваше 11 милијарди долари и беше шест пати поголема од понудата. Ова е најголема побарувачка откако Србија издаде обврзници на меѓународниот пазар.
Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали оцени дека Србија постигнала огромен успех, бидејќи инвеститорите покажале голем интерес за купување српски државни хартии од вредност. Тој додаде дека се покажало дека инвеститорите се уште имаат голема доверба во Србија.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




